Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Во Тетово пукано кон три момчиња

Синоќа околу 00:15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово додека М.Д.(21),Б.А.(23),В.Ш.(23) и Р.Ш.(20) се движеле со возило, од спротивната страна на улицата се доближило друго возило и од истото излегло непознато лице и испукало неколку куршуми кон нив по што истите веднаш го напуштиле местото на настанот и случајот го пријавиле во ПС„Тетово“. Пријавителите во извршениот […]

______________________________________________________________________________________________________

Кавадарчанка се бори за живот, ја претепал сопругот

Жена од Кавадарци, која била нападната од својот сопруг и е во животна опасност, попладнево била хоспитализирана на скопските клиники. Случајот го потврди и полицијата. – Во 15:30 часот во Полициската станица од општа надлежност – Кавадарци, кавадарчанец пријавил дека ја нападнал сопругата во нивниот дом. Полицијата излегла на лице место и жената била однесена […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдено тело на починато момче кај Тиквешко Езеро

Во викендичка на Тиквешко Езеро денеска било пронајдено починато момче родено 1989 година. – Момче, родено 1989 година, е пронајдено починато во викендичка на езерото. Од првичниот преглед на доктор, не се забележани траги на насилство, но евентуалната обдукција ќе ги покаже вистинските причини за смртта, изјави портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

______________________________________________________________________________________________________

Експлозија во Макпетрол во скопско Даме Груев – при отварање на сеф

Силна детонација денеска на пладне ги вознемири жителите на скопската населба Даме Груев. Според информациите кои ги потврди и полицијата експлозијата се случила во деловни протории на компанијата Макпетрол. Од СВР Скопје велат дека до експлозијата дошло при отварање на сеф, н омаат информции како се случило тоа.

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна малолетничка од Скопје

Четириесетгодишната Н.С. вчера во полициската станица Чаир дека истиот ден во непознат правец се оддалечила нејзината малолетна ќерка, С.С.(15). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.

______________________________________________________________________________________________________

Запален џипот на новинарот Бранко Тричковски

Запален џипот „ренџ ровер“ сопственост на новинарот Бранко Тричковски. Џипот којшто бил паркиран на булевар „АСНОМ“ бил запален утрово околу 5 часот. Пожарот зафатил уште еден автомобил „опел астра“ со скопски регистерски таблички. СВР Скопје врши увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот. Тричковски се огласи на социјалната мрежа Facebook […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА: Почина 9-годишната Ема од Лисиче

Деветгодишната Ема Радеска која во петокот беше прегазена од автомобил додека се враќаше од училиште во населбата Лисиче, им подлегна на повредите. Mалото девојче беше прегазено околу 13 часот во петокот, на раскрсницата од булеварот 12. Македонска Бригада и Сотир Томовски. Ема се враќала од училиште кога за жал, на неа налеталo возило Пежо. Девојчето […]

______________________________________________________________________________________________________

Жестока тепачка во Стопанска банка во Тетово

Кавга меѓу двајца тетовци и две момчиња на 23-годишна возраст од село Слатино, прераснала во тепачка вчера околу 14 часот на улицата Маршал Тито во Тетово. Еден од тетовците со метална палка го удрил едното момче од Слатино, по што побегна кон просториите на Стопанска банка, но бил пресретнат од момчињата и во банката повторно […]

______________________________________________________________________________________________________

Ја убил со клоци и боксови: Детали за убиството во скопско Пржино

Вистинска трагедија се случила вчера околу 14 часот во скопската населба Пржино. Како што дознава Press24 од извори во истрагата, вчера околу 14 часот во полиција било пријавено дека 77 годишната Елица Ј. е пронајдена мртва. Полицијата веднаш излегла на терен. При првичниот увид констатирано е дека на телото на старицата има траги на насилство. […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиена жена во Пржино, осомничен нејзиниот син

Во скопската населба Пржино вчера вечерта била убиена 77-годишната Елица Ј. Жената била пронајдена мртва, а првичната истрага покажала дека на нејзиното тело имало траги на насилство поради што полицијата случајот најверојатно ќе го води како убиство. МИА јави дека според првичните сознанија, има едно осомничено лице на возраст од 48 години и според непотврдени […]

______________________________________________________________________________________________________

Прегазено дете на патот кон Злокуќани

Патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблички вчера околу 18:30 часот удрило во пешак на улицата „Скупи“, на патот кон Злокуќани.   Од МВР ги потврдуваат информациите и посочуваат дека според првичните информации станува збор за дете. Како што дознава Курир прегазеното дете веднаш е пренесено во Ургентниот центар. Се уште нема информации за неговата […]

______________________________________________________________________________________________________

Се превртело возило на АРМ, повредени двајца војници

Сообраќајна несреќа денеска се случи на магистралниот пат Скопје-Гевгелија кај манастирот „Св.Атанасиј“ во која од неразјаснети причини се превртело патничко моторно возило марка „ланд ровер дефендер“, сопственост на Армијата, кое го управувал професионален војник-возач, а во кое имало уште четворица сопатници. Возилото се движело по магистралниот пат од Скопје кон село Фурка, соопшти Основното јавно […]

______________________________________________________________________________________________________

Професор од Штип се обидел да силува ученичка

СВР Штип  поднесе кривична пријава против С.П.(63) професор, A.K.(47) директор на СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и T.С.А.(46) Државен просветен инспектор сите од Штип поради постоење основано сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“, а второ и трето пријавените сториле кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“. Првопријавениот како професор во […]

______________________________________________________________________________________________________

Страшна сообраќајка на Јужен Булевар – двајца на Ургентен

Две лица завршија на Ургентниот центар по тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа околу 22.30 часот на Јужниот булевар. Од полиција информираат дека во несреќата учествувале „тојота корола“ и „лада“, двете со скопски регистерски таблички, а повредени биле возачите Д.С. (48) и Д.С. (32) кои биле пренесево во Ургентниот центар каде им се контатирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Роднини се убијците на браќата на возраст од 24 и 25 години во тетовско

Изутрината околу 7 часот покрај патот за селото Седларево, кај месноста Јабланица со огнено оружје биле усмртени двајца браќа од селото Мерово, на возраст од 24 и 25 години. Постариот брат починал на самото место, а помладиот на пат кон тетовската болница. Други две лица пак, роднини на убиените, се сериозно повредени од огнено оружје […]

______________________________________________________________________________________________________

Двојно убиство во Тетово: Убиени две млади момчиња

Крвав инцидент утрово го потресе Тетово. Двајца браќа од тетовското село Мерово на возраст од 25 и 24 години се убиени со огнено оружје утрово околу 7 часот. Крвавиот настан се случил во месноста Јабланица во атарот на село Мерово, покрај патот за Седларево. Едниот од браќата починал на лице-место,  додека вториот на повредите им […]

______________________________________________________________________________________________________

Странски дипломат прегази човек во центарот на Скопје

Странски дипломат попладнево прегазил човек во центарот на Скопје, неофицијално дознава Пресс24 од очевидци. Според нив човекот за кој тврдат дека е странски дипломат удрил во моторот на кој се превезувал човек. Нема информации каква е состојбата на мотоциклистот. Информацијата се уште нема официјална потврда од полицијата.

______________________________________________________________________________________________________

МВР го фатила пиштолџијата кој пукал при упадот во ИВЗ

Лицето за кое постојат докази дека утрово пукало во групата што направила упад во Исламската верска заедница (ИВЗ) во Скопје е повикано на информативен разговор во полиција. Инцидентот се случил околу 8.30 часот. Припадници на МВР се уште се во ИВЗ и разговараат со сите кои директно или индиректно се сведоци на утринскиот инцидент. Пред влезната врата […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1