Archive | Црна хроника RSS feed for this section

18 годишна девојка силувана на 1-ви мај во Прилеп

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против 21-годишниот Ф.К. од с.Коњари-прилепско поради сомневање за силување. Против приведениот постојат основи на сомнение дека на 1-ви мај годинава извршил кривично дело „силување“ над 18 годишна девојка од Прилеп. Од страна на Судија на предходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Мртов маж во центарот на Охрид – американец се самоубил скокајќи од зграда

Починато машко лице попладнево е пронајдено во центарот на Охрид кај старата автобуска станица.   Според неофицијални информации се работи за американски државјанин на возраст од околу 60 години, кој бил сместен во изнајмен стан во околните згради. Американецот, според непотврдени информации извршил самоубиство скокајќи од шестиот кат. Истрагата на надлежните треба да расветли под […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец со години и се заканува на сопругата дека ќе ја убие

„Да имав пиштол ќе те убиев“, заканите по животот од сопругот на  34 годишна скопјанка,  не биле само празен муабет, насилникот немал оружје, ама ја тепал жена си со што ќе му дојде при рака. Последниот хорор бил пред две недела, од ќотекот на насилниот сопруг  жената со расекотини на грбот и модринки по главата […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат идентитетот на прегазениот маж во Кисела Вода

Маж на возраст од околу шеесетина години загина синоќа, во сообраќајна несреќа во Скопје, кога автобус на ЈСП „Скопје“ ја прегазил жртвата на неодбележан пешачки премин. Несреќата се случила околу 20 часот на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода. Денеска е соопштен и идентот на прегазениот. Станува збор за Фазли Е. (63), жител од кумановското […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка: Автобус прегази пешак на Првомајска

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случи вечерва околу 20:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“, јавува Курир Од СВР Скопје за Курир велат дека автобус на ЈСП удрил во непознато машко лице кое починало на лице место. Починатиот маж, според првичните информации е на возраст од околу 65 години. Полицијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Демолиран кафе барот Бастион

Министерството за внатрешни работи соопшти дека група млади луѓе скршиле дел од инветарот во кафе барот Бастион и го нападнат соспвеникот на кафулето. Инцидентот се случил околу 30 минути после полноќ кога повеќе лица навивачи на КК„Работнички“ кој носеле маици со обележја на клубот изреволтирани зошто во кафе барот имало обележја на КК„МЗТ“ почнале да […]

______________________________________________________________________________________________________

Деветгодишно девојче загина во пожар во стан во Скопје

На 01.05 во 23.30 часот во скопје на ул.„Емин Дураку“ бр.3/1-3, избувнал пожар во станот сопственост на Г.Г. (1975), во кој како последица од опожарување (целосно изгорено тело), на креветот во детската соба починала Л.Г. (2006). Деветгодишно девојче загина во пожар којшто избувнал во петокот вечерта во стан во скопската населба Чаир. Според информациите на […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Ова е кондовецот кој вчера беше уапсен за тероризам и насилство

По предходно превземени интензивни мерки, а постапувајќи по три судски наредби за сторени кривични дела, „насилство“, „тероризам“ и „казнување за подготвување“ од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје во СВР-Скопје заедно со припадници на единицата „Алфа“ и ЕЈРМ во село Кондово пронајден е и лишен од слобода А.Џ.(53) од село […]

______________________________________________________________________________________________________

Автомобилот на Заев учествувал во сообраќајка – 6 повредени, Заев не бил во возилото

Утринава возилото на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Струмица учествувало во полесна сообраќајна несреќа. Во моментот на сообраќајката со возилото на Заев управувал неговиот шофер, а во него била и неговата сопруга. Сопругата на возачот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и уште пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Визбегово – Четворица повредени

Утрово околу 10 часот тешка сообраќајка се случи кај скопско Визбегово, на магистралниот пат Скопје – граничен премин Блаце, при што се судриле камион „мерцедес“ и патничко возило „голф“, и двете со скопски таблички. Во сообраќајката се повредени четири лица кои биле во автомобилот. Повредените се префрлени во Градската болница „8 Септември“ во Скопје. Поради […]

______________________________________________________________________________________________________

Апсење во Скопје – Кондовец приведен за тероризам

53-годишниот Алил Џафери  вечерва е приведен во полициска акција во скопско Кондово. Според Sitel.mk станува збор за последниот кондовец од групата на Агим Красниќи. Се барал за повеќе кривични дела меѓу кои за насилство и тероризам. Се барал и за одлежување на затворска казна. Од МВР ја потврдуваат оваа информација,  но не откриваат повеќе детали.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тешка сообраќајка во Кисела вода – Мотоциклист со тешки повреди

Тешка сообраќајна несреќа  се случи на булеварот „Борис Трајковски“ кај ресторанот Везилка. Мотор и автомобил се судрија по што возачот на моторот летнал 50 метри од силината на ударот, јавува Прес24. Едно лице се здобило со потешки повреди во сообраќајната несреќа која попладнево околу 17 :00 часот се случила на булеварот Борис Трјковски. Од МВР […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Битола: Скопјанец силувал девојче

Основното јавно обвинителство Битола започна истражна постапка против едно лице за сторен полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот, родум од Скопско, делото го сторил во февруари годинава во Битола, кога престојувајќи во истиот стан со детето извршил полово дејствие врз оштетената – малолетник, кој не наполнил 14 години, соопшти Основното јавно обвинителство Битола. […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка во Центар – повреден маж

Сообраќајна несреќа меѓу две возила во која едно лице е повредено, се случила утринава во Центар, на раскрсницата со улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груевски“. Во несреќата учествувале БМВ и Рено, двете возила со скопски регистерки таблички. Со полесни повреди се здобил возачот на Реното, 56-годишниот С.С. кој е пренесен во ГОБ „Наум Охридски“.

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Тетово: Загина 12 годишно дете – метална капија паднала врз него

Дванаесет годишно дете од тетовската населба Дреновец, вчера попладне без знаци на живот било донесено во тетовската болница. Од СВР Тетово информираат дека детето се обидело да отвори металната шибер-врата во дворот на фабриката „Солидпласт“ во Непроштено, каде стигнало со возило  аедно со неговиот дедо и уште едно друго лице. Додека дедото го паркирал возилото, […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицајци претепани по натпреварот Работнички-Куманово

Во спортска сала „Градски Парк“ по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК „Работнички“ и КК „Куманово“ се случи напад врз полицајци. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 20:45 часот Н.К.(23), Д.С.(19) и М.Д.(17) од Куманово со тврди предмети нападнале двајца полициски службеници. Со ударите тие им нанеле телесни повреди. Истите се приведени, […]

______________________________________________________________________________________________________

Татко и син од Гевгелија фалсификувале евра

Двајца гевгеличани, татко и син, од село Прдејци, се осомничени дека фалсификувале евра, во нивниот дом Откако се фатени на лице место, како купуваат со фалсификуваните евра, од страна на струмичката полиција, а по налог на јавен обвинител, одреден им е притвор од 30 дена. Имено, таткото и синот со фалсификувани 100 евра, купувале моторно […]

______________________________________________________________________________________________________

Мито од 1.200 евра и префрлал државен имот на приватни лица

Кумановската полиција денеска поднесе кривична пријава против И.А.(53) од село Режановце за сторено кривично дело – злоупотреба на службена должност и овластување и фалсификување на исправа, како и против лицата С.С.(40) и С.С.(61), двајцата од селото Долно Којнаре и Љ.С.(33) од селото Мглинце, поради кривично дело – употреба на исправа со невистинита содржина и пустошење […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1