Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Попладнево згазен уште еден пешак – 36 годишна жена настрада во Прилеп

Жена на возраст од околу 36 години, нешто после 14 часот е прегазена на патот Прилеп – Крушево, во близина на пунктот на ЕВН Македонија при обид да ја премине улицата, јавува прилепскиот портал 10без10 Жената се здобила со тешки телесни повреди по што веднаш е пренесена на Хируршкото одделение во прилепската Болница, и нејзината […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Го жртвуваше својот живот за да ја спаси штотуку родената внука

Стар Ридер имала големи тешкотии и се борела за својот живот уште во првите неколку минути по раѓањето, но нејзината тетка без размислување го жртвувала својот живот за да си ја спаси внуката. Неколку дена по раѓањето, на Стар и била поставена дијагноза биларна атрезија, односно блокирање на каналите околу црниот дроб. Единствен спас за […]

______________________________________________________________________________________________________

Прегазен уште еден пешак во Скопје, починал на Ургентен

Сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случила вчера попладнето на улицата „Бутелска“ во Скопје.   Од полицијата информираат дека 74-годишниот А.Т. со автомобил „Шкода фаворит“ удрил во пешакот Милутин К. (76). По несреќата Милутин бил пренесен на КАРИЛ. Тој околу 22:30 чаасот им подлегнал на тешките повреди кои му биле нанесени. […]

______________________________________________________________________________________________________

Страшна сообраќајка во Штип: Еден загинат, четворица повредени меѓу кои и бремена жена

Во тешка сообраќајка која се случила во раните часови денес во Штип загина едно лице, а четири се повредени. Несреќата се случила на илицата „Гоце Делчев“ кога дошло до судир меѓу „БМВ Х5“ управувано од Турчинот О.Х.(21), со привремен престој во Македонија, и такси возило „Фолксваген Венто“ во кое се наоѓале возачот и четворица патници. […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка во Струмица – повредени млади, девојка пренесена во Скопје (Фото)

Во сообраќајната незгода која се случи попладнево во Струмица, на излезот од Струмица кон Дабиле, при судир на два автомобили, потешко е повредена Г.Д. , која управувала со едно од патничките возила, кое според очевидци се превртело при ударот со другото возило, објави Струмицанет. Повредената поради сериозноста на повредите итно е префрлена на Ургентниот центар […]

______________________________________________________________________________________________________

Вработени во Зегин ограбени – крадците влегле маскирани и со пиштол

Вчера во  20.15 часот во Скопје на бул. „Партизански Одреди“  во аптека “Зегин“ извршено е разбојништво врз две вработени. Во аптеката влегле две непознати маскирани лица од кои едното лице било вооружено со пиштол. Им се заканиле на вработените и одзеле околу 60.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

______________________________________________________________________________________________________

Измама: Записничар во Суд во Скопје ветувал вработување за пари

Записничар во Основниот суд Скопје 2 лажел дека е пријател со помошникот министер за внатрешни Иво Котевски, па за сума од 3.000 евра може да среди вработување во полицијата. 31 годишниот скопјанец од вчера е во притвор, осомничен е за измама тешка 4.500 евра, толку му наплатил на таксист на кој му ветил дека заедно […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетникот кој усмрти пешак кај Олимписки немал дозвола

Мотоциклистот што во понеделникот го усмрти скопјанецот Бошко С. (76) немал положено возачки испит и немал 18 години, туку бил малолетник, кој не смеел воопшто да управува мотор, велат извори од полицијата Сообраќајната несреќа се случи во понеделникот околу 20 часот, во близина на Олимпискиот базен во Скопје. Иако мотоциклистот се обидувал да закочи, за […]

______________________________________________________________________________________________________

Силувал малолетничка и ја оставил на отворен пат кај Македонски Брод

Полицијата од Македонски Брод поднесе кривична пријава против И.М.(41) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “силување”. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. И.М. на 31.03.2015 година, со измама и употреба на физичка сила однел малолетничка во Пласница и во […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Удриле во камен – Автомобил извртен на патот Скопје-Велес

Автомобил „Пежо“ со скопски регистерски таблички претпладнево се извртел на автопатот Скопје-Велес. „Пежото“ во кое се наоѓале две жени, удрил во камен по што се извртел на автопатот. Од полицијата информираат дека несреќата е пријавена кај нив, а засега жените не побарале лекарска помош.

______________________________________________________________________________________________________

Велешанец зема пари од лекари за стручни книги кои никогаш не им ги носи

Предупредување до лекарите од ЗПЛРМ. Како што е објавено на веб страната на здружението, измамник оди по ординациите и им нуди на лекарите стручна медицинска литература. Тоа го наплатува во готово со ветување дека книгите набрзо ќе им сигнат. Но тоа не се случува. Барем не кај оние лекари кои веќе му поверувале и нарачале […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Цел арсенал оружје пронајден кај познат скопски криминалец

Полицијата денес по наредба на судот, а врз основа на претходни сознанија за постоење сомненија за сторени повеќе кривични дела, изврши претрес во домот на Б.К. (46) од село Рашче, скопско. Пронајдени и одземени се една автоматска пушка непозната марка; три празни рамки за автоматска пушка; еден кундак; два автоматски пиштоли марка “Шкорпион“; две мали […]

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент кај Клинички центар, маж нападнат со нож

Едно лице е нападнато со нож пред околу половина час на улицата „Белградска“ зад Клиничкиот центар, дознава Курир. Од полицијата за Курир велат дека вработен во „Паркинзи“ на Град Скопје бил нападнат со нож. Повредениот побарал лекарска помош во Ургентниот центар каде му е констатирана полесна повреда, расекотина. Напаѓачот, дознава Курир е приведен и во […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Уапсени тројца скопски бизнисмени за криминал од 278.00 евра

Три лица од Скопје од кои двајца се сопственици на приватни фирми и еден управител на едната од инволвираните фирми се лишени од слобода од страна на Финансиската полиција заради постоење на основано соменавање дека сториле финансиски криминал тежок 278.000 евра. Криминалот кој го сториле пријавените е започнат уште во текот на 2010 година кога […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче од Пробиштип пронајдено мртво во Драчево

Момче од Пробиштип вчера било пронајдено мртво во куќа во скопско Драчево, каде престојувало привремено. Случајот го пријавил четириесет и шестгодишен скопјанец кој го нашол безживотното тело на дваесет и осумгодишното момче. Од страна на доктор констатирана е смрт и по наредба на јавното обвинителство  телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки […]

______________________________________________________________________________________________________

18 годишен битолченец ја киднапирал и претепал поранешна малолетна девојка

Триесет и седумгодишна битолчанка вчера во полициска станица пријавила дека истиот ден нејзината малолетна ќерка била претепана од поранешното момче. Осумнаесетгодишниот А.К. насилно ја однел во неговиот дом, ја затворил во една од собите на куќата, каде физички ја нападнал со тупаници по телото и шлаканици по лицето, по што влегол неговиот татко , а […]

______________________________________________________________________________________________________

Експлозија во Охрид – повредени неколку лица

Вчера попладнео околу 16 часот во магазин на улицата „Бистрица“ се случи експлозија на плинска боца . Станува збор за магацинските простории на маркетот „Десарет“ . За среќа немало опожарување на објектот, а случајни минувачи се здобиле со помали повредим јавува Охрид 1. На терен веднаш пристигнале пожарникари а се појавил и охридскиот градоначлник.

______________________________________________________________________________________________________

Моторџијата кој го усмрти Бошко има само 18 години

Осумнаесетгодишниот Е.Б. од Скопје синоќа со својот мотоцикл „сузуки“ го прегазил сега веќе покојниот 76-годишниот скопјанец Бошко С., извести денеска полицијата. Засега се знае дека околу 20 часот на необележан пешачки премин спроти Олимписки базен, Бошко С. се обидел да го мине булеварот. Во еден момент, во него удрил мотоциклот кој го управувал Е.Б., а […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1