13/04/2014 22:43
•
Posted by: MK News
Четири лица се борат за живот по тешката сообраќајка која вечерва се случила во скопско Батинци, велат очвидци за Press24. Информацијата се уште нема потврда од полицијата
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2014 18:10
•
Posted by: MK News
Автомобил „Мерцедес“ вчера прегази седумгодишно детенце од Тетово, пишува Утрински весник. Според информациите на весникот, детето го туркало својот велосипед по регионалниот пат Тетово – Јажинце, кога на него налетал „Мерцедесот“ со тетовски регистрации. Возачот на „Мерцедесот“ го зел детето и веднаш го однел во тетовската клиничка болница. Оттаму момчето било пренесено на скопските клиники. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2014 15:43
•
Posted by: MK News
Пекар од Македонија e осуден на 16 години затвор, откако ја претепал сопругата со сукало до смрт и го снимил масакарот со мобилен телефон. Убиството, како што пишува Дневник, се случило во италијанскиот град Риети минатата година, а тамошниот суд, пред два дена одлучил 42 -годишниот Љазим Шабани да биде осуден за убиство на 37-годишната […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2014 14:49
•
Posted by: MK News
Едно лице е починато, а две се повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово во атарот на село Зајас, соопштија од Министерството за внатрешни работи. До несреќата дошло откако возило „рено лагуна” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(59) излетало од патот и се превртело. 3 Во сообраќајката на лице место починала сопатничката Младица […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 20:25
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево околу 14 часот на патот Куманово – Скопје кај наплатната рампа Миладиновци, автомобил Рено излетал од патот и се превртел, пренесува „Канал 5“. Повредени се четири лица, од кои две потешко. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Се уште не се знае причината зошто возачот изгубил контрола над возилото […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 15:24
•
Posted by: MK News
Автомобил се запалил попладнево околу 14 часот на улицата Антон Панов во центарот на Скопје, пишува НетПрес. Според очевидци, автомoбилот од марката „Рено“ е целосно уништен од пожарот, а пламените јазици зафатиле уште еден автомобил од марката „БМВ“. Две противпожарни возила веднаш интервенирале, а пожарот бил изгаснат. Причините, како и висината на материјалната штета, дополнително […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2014 14:30
•
Posted by: MK News
СВР Скопје поднесе кривична пријава против триесет и четиригодишен скопјанец, за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. Пријавениот подолго време бил во љубовна врска со 13-годишно девојче од Скопје, а во март 2014 година во два наврати извршил полови дејствија над истата.
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2014 14:16
•
Posted by: MK News
Седумдесет гости, меѓу кои и ученици од Македонија ноќеска по полноќ, поради пожар биле евакуирани од хотелот „Топ” во Прага, јави дописникот на МИА. Од Mакедонската амбасада потврдија дека нема повредени граѓани од Македонија. Според официјалната информација на противпожарната бригада, огнот избувнал на петтиот кат од хотелот, во блокот Б, откако се запалил кревет кој бил […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2014 13:49
•
Posted by: MK News
Четири лица се лишени од слобода, за три од нив е определена мерка притвор од 30 дена, а други пет се во бегство, во врска со три одвоени случаи во кои полицијата заплени поголема количина дрога, а во рамки на операцијата „Мрежа“ за сузбивање на нелегалната трговија за злоупотреба на наркотици. Во првиот случај во кој дрогата од Албанија […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2014 09:05
•
Posted by: MK News
Голема полициска акција на повеќе локации низ Македонија, јави Пресс24. Порталот повикувајќи се на свои полициски извори, известува дека МВР цела ноќ е на терен и спроведува претреси на повеќе места низ земјава. Според првичните и неофицијални информации, станува збор за координирана акција за сузбивање на нарко дилерите во земјава. Неофицијално, според порталот, запленети се […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2014 13:50
•
Posted by: MK News
66-годишна жена починала утрово околу девет часот во центарот на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Скопјанката Б.Ф. починала утрово околу девет часот на улицата 11-ти Октомври, во центарот на градот. Таа починала од природна смрт, на нејзиното тело немало знаци на насилство. Телото било предадено на семејството за погреб.
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2014 13:30
•
Posted by: MK News
Пари, поштенски, марки, коверти и уплатници се украдени викендов од подружница на Македонска Пошта АД Скопје во скопското село Арачиново, соопшти Министерството за внатрешни работи. Непознат сторител со употреба на погоден предмет ги исекол решетките на прозорецот на поштата во Арачиново, влегол внатре и украл каса во која имало 17.500 денари, еден жиг со […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2014 20:50
•
Posted by: MK News
Тројца охриѓани за малку ќе ги загубеле живототите, чистејќи резервоар за гориво на бензинската пумпа „Таци“ во Охрид. Инцидентот се случил утрово околу 8:30 часот, на бензинската пумпа „Таци“ во близина на охридскиот аеродром. 64 годишниот Т.Т., 46 годишниот Ж.И. и 55 годишниот Ј.С. го чистеле 12 метри долгиот резервоар за гориво, тие во состојба […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2014 20:13
•
Posted by: MK News
20 годишна девојка се бори за живот на КАРИЛ, по страотната сообраќајна несреќа која ноќеска пред полноќ се случи на булеварот “Партизански одреди“. Покрај неа повредена е уште една девојка која е пуштена на домашно лекување, и момче кое на барање на родителите е пренесено во приватна болница. Во тројцата кои чекале автобус на постојката […]
______________________________________________________________________________________________________
06/04/2014 09:50
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на булеварот Партизански одреди на автобуската станица спроти хотелот Карпош. Возач кој управувал со автомобил Ауди ТТ изгубил контрола и откако најпрво удрил во такси возило, удрил и во трафиката на автобуската станица при што повредил неколку лица кои стоеле на автобуската. Станува збор за тројца повредени тинејџери. Возачот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2014 15:25
•
Posted by: MK News
Скршени стакла и уништен автомобил, расфрлени делови од каросерија, цистерна на чија предница имаше мали оштетувања, ваква беше глетката по сообраќајната несреќа што се случи и во која две лица се здобија со тешки телесни повреди претпладнево на влезот во Велес кај Петрово чешмиче, под штипска клучка, пренесува Дума.мк. Двајцата повредени се од Скопје, маж […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2014 14:53
•
Posted by: MK News
Гостиварката Е.А. (41) тешко ја повредила 15-годишната ќерка удирајќи ја со возилото кое го управувала. Девојчето е згрижено на скопските клиники со скршеници на двете раце. Според СВР Тетово, незгодата се случила синоќа околу 19 часот на улица во селото Балиндол. Мајката се обидувала да го паркира возилото „голф“, а ќерката и покажувала правец. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Возачот на автобус број 15 возејќи по улицата Партизанска нагло сопрел со возилото, по што се повредени двајца патници Б.И. и Т.Р. Според првичните информации, лицата се полесно повредени.
______________________________________________________________________________________________________