Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Уапсен скопјанец кој се самозадоволувал во јавност

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Јован И.(58). Скопјанецот се барал за издржување затворска казна во траење од три години, за сторено кривично дело “ задоволување на полови страсти пред друг”. Тој бил фатен како се самозадоволува пред повеќе  повозрасни жени, во центар

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Камион се превртел кај Стража

Камион со охридски регистарски таблички се превртел околу 16:30 часот на патот Гостивар – Охрид кај Стража. Камионот излетал од патот и притоа се превртил. Засега нема информации за повредени. Foto – ZaSe  

______________________________________________________________________________________________________

Каменувани автомобили кои оделе на митинг

Петнаесетчлена група каменувала автобус во кој се превезувале лица кои патувале на митинг на политичка партија вчера во скопската населба Влае, соопшти Министерството за внатрешни работи. Вчера околу 22 часот на бул. „Партизански Одреди” во Влае кај мостот „Влајко”, група од 15 непознати лица извршиле каменување на возила во кои се превезувале учесници на митинг […]

______________________________________________________________________________________________________

Вака мораше – Тони пред да ја убие жената на фејс им оставил порака на 3 дечиња

38 годишниот Тони. К. со неколку истрели од огнено оружје ја убил својата сопруга, а потоа се самоубил. Пред трагедијата тој нивните три малолетни дечиња ги однел кај своите родители. Како што пишуваат медиумите тој веќе некое време се соменвал дека жената го изневерува. Откако останале сами дома, пред да го изврши убиството тој на […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец ја убил сопругата, па се застрелал – сами останаа 3 дечиња

Трагедијата која се случи во Сиднејската населба Карлтон длабоко ја потресе македонската заедница во Сиднеј и Австралија. Од засега не разјаснети причини триесет и осум годишниот Тони. К. со неколку истрели од огнено оружје ја убил својата сопруга триесет и шест годишната Татијана К., а потоа сам си го одзеде животот, пишува сајтот www.shilomagazine.com.au, пренесува НетПрес. […]

______________________________________________________________________________________________________

Пазете си ги децата: Нова опасна дрога откриена во Македонија

Битола е градот за прв пат полицијата ја регистрираше новата опасна дрога која во нарко круговите е позната под имињата „bath salts”, „Blow”, „research chemicals”, „Explosion” и други. Корисниците на оваа дрога се откриени во Битола, а по нејзиното консумирање извршиле неколку разбојништва. Дрогата позната под името „bath salts“ кај корисниците предизвикува агресивност и неконтролирано […]

______________________________________________________________________________________________________

2 малолетници избодени со нож во Железара

Две момчиња на возраст од 16 години биле нападнати со нож во скопската населба Железара, извести МВР. Инцидентот се случил синоќа околу 21.50 часот, кога малолетниците Ј.П. и Е.И. биле нападнати од поголема група лица. Веднаш биле пренесени во Ургентниот центар, каде што на Ј.П. му е констатиран расек на десната натколеница, а Е.И. имал […]

______________________________________________________________________________________________________

Мажот дигнал рака, прилепчанката му вратила – испокршени двајцата на ургентен

Двајца сопружници поради недоразбирање започнале вербална расправија која кулминирала со физички напади. Сопругот почнал да и упатува закани на жената, а потоа и физички ја нападнал. Жената во самоодбрана возвратила на ударите на мажот, по што двајцата со полесни повреди биле примени во болница, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Случајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Туристичка агенција од Скопје продавала лажни аранжмани за Лондон

Oсновач и управител на Друштво за транспорт, туризам и конслатинг „Алекс Транс Турс“ ДООЕЛ-Скопје си заработи кривична бидејќи измамил неколку граѓани. 51-годишната Д.К. со лажно прикривање на факти и со лажно ветување дека ќе организира туристички аранжман во Лондон, иако не поседува соодветна лиценца за тоа, довела во заблуда шест лица, кои уплатиле за аранжманот […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукање на граница, шверцери сакале да ги прегазат полицајците – 4 во бегство (Видео)

Полицијата ги лиши од слобода Д.К., В.П., Б.А., Б.А.,М.Р. Д.Т., и М.Ѓ., сите од Крива Паланка, како и И.Д. од делчевското село Драмче, а уште четири други лица се во бегство, осомничени дека криумчареле цигари од Македонија во Бугарија.   Како што денеска соопшти МВР, реализиран е случај на заплена на 19.480 кутии цигари во вредност од околу 40.000 евра со […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема полициска акција, уапсени група шверцери на цигари

Полицијата во синоќешната акција во источна Македонија уапси неколку лица кои биле дел од поголема група кои шверцувале цигари во Бугарија. Од МВР информираат дека се извршени и претреси во повеќе објекти во Делчево, Крива Паланка и други локации во источна Македонија. Како што појаснуваат од МВР, полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите […]

______________________________________________________________________________________________________

ПУКАЊЕ НА ГРАНИЦА: Врие полиција во источна Македонија – во тек голема акција!

Голема полициска акција денеска се спроведувала на неколку локации во Источна Македонија. Како што дознава Press24 од полициски извори, станува збор за акција во која се апселе шверцери на цигари. Според информациите на порталот, во зелениот пограничен дел дошло и до пукање. Полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец загина во Бања Лука – работел за Гранит

Македонецот Златко Г. вработен во компанијата „Гранит” синоќа починал во Клиничкиот центар на Бања Лука. Како што соопштуваат од болницата тој синоќа еден час пред полноќ им подлегнал на сериозните повреди со кои што се здобил во неделата. Несреќата се случила во неделата во Штрпце кога возачот на камион кревал приколка која несакајќи допрела до […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетничка од Македонија ја купиле за 6.000 евра – 1 година била роб во Словенија

Малолетна девојка од Македонија речиси една година во Марибор живеела како вистинска робинка – и по дома и во лозјето на семејството кое ја купиле. Девојчето во јануари успева да избега, по што било утврдено дека таа била и тепана и силувана. Лани во април девојчето било купено за 6.000 евра од тројца граѓани на […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во 57-ка: Се тепале возач и патник, жените во автобусот врескале

Возач на ЈСП и малолетник  разменувале тупаници, клоци и пцовки, додека автобусот со затворени врати стоел на автобуската постојка во близина на Заводот за вработување во Капиштец полн со патници. За сето време додека возачот и патникот се тепале, во автобусот врескале жени, а децата плачеле. Како што за „Плусинфо“ раскажува очевидец на настанот, момчето […]

______________________________________________________________________________________________________

Три лица повредени во сообраќајка во Карпош

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 18 часот на крстосницата на улиците „Партизански одреди“ и „Рузвелтова“ во Карпош. До несреќата дошло кога се судриле два автомобили „хонда” и „ровер”. Во несреќата интервенирале три возила на Брза помош, а повредените се пренесени во болница. Неофицијално до несреќата дошло затоа што еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 11 годишно девојче од домот„25 Мај“ во Скопје

Социјален работник од домот „25 Мај“ на 28 март, во полициската станица во Чаир пријавил исчеснување на 11-годишната С.К., штитеничка на Домот. Малолетното девојче од пред два дена не е вратено во домот. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето. Од домот велат дека малолетната С.К. на 28 март самоволно ја напуштила установата и моментално […]

______________________________________________________________________________________________________

Манијак мастурбирал пред малолетно девојче од Битола

Вчера во 13,30 часот во СВР-Битола, И.Л.(1980) од Битола, пријавил дека пред околу 1 месец, засега непознато лице пред неговата малолетна ќерка, извршило задоволување полови страсти. Имено, додека таа седела на терасата од нејзината куќа, лицето започнало полово да се задоволува. По неколку дена повторно дошло пред нејзината куќа, каде било девојчето, по што ја […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1