Archive | Македонија RSS feed for this section

Се бараат директори, амбасадори, советници на премиерот – Владата вработува

Се бараат и 20 директори или заменици на Агенцијата за млади и спорт, Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиско разузнавање, Агенцијата за странски инвестиции, Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството во Битола, Агенцијата за лекови, државен секретар во Министерството за локална самоуправа, Управата за заштита на културно наследство, Агенцијата за енергетика на Република Македонија, […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Вардар се излеа и ги поплави галиите пред плоштадот во Скопје

Причината за поплавувањето на кејот непосредно до плоштадот, според ескепртите, е поради стеснувањето на коритото во овој дел од водотекот како резултат од поставувањето нови градби и мостови. Во изминатиот период на оваа локација се поставија два моста, мостот „Око“ и Мостот на уметноста кои ја намалија ширината на коритото, галијата од левата страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

Грците објавуваат само фотки на кој го нема споменикот на Александар од плоштадот

Тоа е грчка работа. Кога се објавуваат информации за Македонија, а се илустрира со скопскиот плоштад, се користат фотографии од времето кога таму го немаше споменикот на Александар Македонски. Грчкиот медиум NewPost пренесе информации за средбата на македонскиот министер за одбрана Талат Џафери со неговиот албански колега во Тирана и нагласи дека министрите се согласиле дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат гинеколог фатен на дело како врши прегледи во стан

Уште еден познат лекар од скопските клиники фатен на дело од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Како што дознава Zdravstvo24.mk, станува збор за гинеколог од државната Гинекологија кој бил фатен на лице место како врши гинеколошки интервенции во приватна здравствена установа сместена во стан. Тој е трет лекар кој за неколку дена беше фатен од […]

______________________________________________________________________________________________________

Се дисилоцираат дел од спомениците од „Скопје 2014“

Дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“ се демонтираат и дислоцираат, објави НоваТВ. Скулптурата „Ротирачка Македонија“, вредна речиси 100 илјади евра, дело на скулпторот Зоран Костовски, во моментов стои размонтирана зад зградата на Македонската опера и балет. Скулпторот за НоваТВ тврди дека главна причина што неговата скулптура стои размонтирана е што и пречела на изградбата […]

______________________________________________________________________________________________________

Врховен ги потврди петте години затвор за Брат Љубе

Врховниот суд ја потврди пресудата на Апелација за пет години затвор казна за Љубе Бошкоски за две кривични дела „злоупотреба на службената должност и овластување“ и „незаконско финансирање кампања“, јави „А1он“, повикувајќи се на извори од судот. Со ова завршуваат можностите на Бошкоски пред домашните судски истанци за случајот „Кампања“ и му останува евентуално судот во […]

______________________________________________________________________________________________________

“Мекдоналдс“ ги затвори рестораните во Македонија

Пет ресторани на “Мекдоналдс“ во Скопје и уште неколку во Македонија, утрото осамнаа под клуч. Причините засега се непознати. Надлежните инспекции велат дека тие не стојат зад затворањето на рестораните, туку одговорот треба да се бара  внатре во компанијата, пишува економски лидер Со “Мекдоналдс“ во Македонија менаџира М6, фирмата во доминантно мнозинство на Свето Јаневски, […]

______________________________________________________________________________________________________

Поплавени новите згради на Уставeн, Археолошкиот музеј, ТЦ Буњаковец, Соборен храм

Подземни води ги поплавија подрумските простории и на новата зграда на Уставниот суд и Археолошкиот музеј, при што водата се црпе за да не дојде до поголеми оштетувања. По интервенција на надлежните од општина Центар, со пумпи се прави обид да се исцрпи водата во овој нов објект. Од поплавените подруми во Трговскиот центар Буњаковец, […]

______________________________________________________________________________________________________

Магистратура од Кембриџ за на ѕид: Се вратила во Македонија од лојалност, но џабе

Mагистрирав на Кембриџ и од лојалност кон татковината се вратив тука, а институциите ми ги затворија вратите. Вака ја започнува својата приказна за радио Слободна Европа, Ана Стојанов.

______________________________________________________________________________________________________

Подземните ходници на Кратово кријат богатство

Се претпоставува дека во времето на Костадин Дејанов, паралелно со градбата на кулите, течела и изградбата на подземните тајни ходници со кои овие кули се поврзани. Тие служеле за криење и бегање од непријателите, и се уште кружат приказните за големото скриено богатство во нив кое некои трагачи по злато се уште го бараат… Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонците се трујат со апчиња – Беровчани најзависни од лекови

Минатата година се реализирани 17 милиони 485 илјади рецепти што е за еден милион повеќе од 2011. Фондот за таа намена издвоил 1.993.189.875,07 денари. Податок кој покажува дека Македонците се зависни од лекови. Речиси секој осигуреник годишно пие по 10 кутии на лекови. Најмногу или околу 7 милиони рецепти одат за лековите за кардиоваскуларниот систем. […]

______________________________________________________________________________________________________

Во САД педофилите мора на комшиите да им кажат дека се осуденици

Кога педофил осуденик по извршувањето на затворската казна ќе се најде на слобода и ќе се пресели во нова населба, според законите на некои од државите во САД мора на градските/општинските власти да им се пријави и да ги извести соседите, или пак тоа го прават општинските власти – се со цел да се заштитат […]

______________________________________________________________________________________________________

Проектот „Скопје 2014“ на CNN

Како на градбите од проектот Скопје 2014 гледа дописничката на престижната американска телевизија CNN. Сосем реална слика на случувањата. Разговара со повеќе граѓани и освен неколку незадоволни кои приговараат за изграденото, општо е прифаќањето на спомениците и градбите на Плоштадот Македонија. Primetime.mk

______________________________________________________________________________________________________

Перо Антиќ од Атина: За Македонија секогаш

Нашиот репрезентативен капитен Перо Антиќ испрати порака преку Алфа до сите македонски поддржувачи дека е подготвен за Европското првенство во Словенија во септември. Грците им приредија спектакуларен пречек на кошаркарите на Олимпијакос по пристигнувањето во Пиреја. Новата, втора титула континентален првак освоена во Лондон предизвика енормна радост на навивачите. Во сета еуфорија што ја зафати […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Брисел осуди со затвор Македонка дека го киднапирала своето дете

На Македонката Ирена Петковиќ судот во Брисел во отсуство и пресудил дека го киднапирала сопственото дете, и поради тоа и одредил провизорна четиригодишна казна затвор и половина милион евра отштета која треба да ја плати на таткото, пораанешен функционер на ЕУ. Таа не ја видела пресудата, од судскиот процес кој бил воден без и да […]

______________________________________________________________________________________________________

Дијазепам и Еналаприл – најтрошени лекови во Македонија

Со 1,65 милиони реализирани рецепти, лекот “enalapril” е топ број еден најкористен лек за 2012 година. Тоа е за 7,8 проценти повеќе од 2011 година. Овој лек е во групата на кардиолошки лекови. Зголемување на потрошувачката во однос на 2011 има и лекот за смирување Diazepam со 882.013 реализирани рецепти. Ако се има предвид дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Скапува имотот на А1 – колите поплавени (Фото)

Конфискуваниот имот на А1, Плус Продукција и Хедис, скапува во дворното место на објектот во кој порано се наоѓаа медиумите – објави Бриф. Деновиве дворот на телевизијата беше поплавен поради дождовите, па така под вода останаа и автомобилите што некогаш се користеа за потребите на весниците и на телевизијата. ФОТО: Бриф

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Новите власти во Центар ги отстранија цветните корпи

Висечките корпи со цвеќиња кои во изминатиов период ги разубавуваа улиците и мостовите низ општина Центар се отстранети, пишува Нетпрес. Новите општински власти пред извесно време ги тргнаа сите цветни аранжамни од мостот кај МАНУ и од улицата Орце Николов во Дебар маало кои токму во овие пролетни денови преставуваа најубав украс на главниот град. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1