07/05/2013 18:27
•
Posted by: MK News
Камерманот на МРТВ го извлече најдебелиот крај откако на него во борба за топка налета фудбалерот на Вардар, Димитар Лазаревски. Вардар на 5 минути пред крајот на братското дерби против Тетекс води со 0:3. Мечот се игра на стадионот во Ѓорче Петров Прес 24
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 16:12
•
Posted by: MK News
Битола пред дваесетина минути ја зафати големо невреме проследено со ветар, дожд, грмотевици и град со големи на лешник, јави Нова Македонија. Поради силниот дожд улиците беа прекриени со вода, а отежната беше движењето на возила, а за ретки беа пешаците кои се осмелија да се движат по силниот дожд. Извор – Нова Македонија / […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 15:56
•
Posted by: Александра Смилеска
Заклучени врати пломби и налепници дека објектот е затворен од Управата за јавни приходи – од денеска е затворена популарната сендвичара во центарот на градот ,,7,, Од УЈП велат дека се констатирани неправилности во делот на готовинскиот промет и фискализацијата. Согласно законот, објектот ќе добие забрана за вршење на дејност во наредните 30 дена и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 13:24
•
Posted by: MK News
За половина денар се зголемува малопродажната цена на ЕУросупер БС-98. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и дизелот остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 80 денари за литар. Според одлуката на РКЕ се зголемува цената на мазутот и таа ќе изнесува 40,8 денари за килограм. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 13:18
•
Posted by: MK News
Нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер најавуваат метеоролозите за попладневните часови. Во Западна Македонија се очекува силно невреме со обилни врнежи и можност за изолирана појава на град. Слично време се очекува и во утрешниот ден со обилни врнежи од дожд и поретка појава на грмежи. На места се најавуваат и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 13:14
•
Posted by: MK News
На домашно лекување е пуштено едно од двете деца кои по несреќата кај кочанското село Оризари беа хоспитализирани во градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“. Според лекарскиот тим, сè подобрува здравствената состојба и на другото дете кое во Градска беше примено со потешки повреди, информираат од болницата. Деветте деца кои се на лекување во Ургентниот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 13:03
•
Posted by: MK News
Популарната скопска сендвичара Седмица од утрово има клуч на врата. Сите кои сакале денот да го почнат со легендарниот сендвич на скопската сендвичарница наидуваат на заклучени врати пломби и налепници дека објектот е затворен од Управата за јавни приходи. Од УЈП велат дека се констатирани неправилности во делот на готовинскиот промет и фискализацијата. Согласно законот, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 12:59
•
Posted by: MK News
Минатата година пред Велигден црквата Свети Димитрија ги стана на нозе и научниците и свештениците. Фреските се чистеа, златната боја светна во храмот. Црквата веднаш повика на чудо. Од црквата велат божја рака, науката уште нема одговор, пренесува Канал 5. “Извештај треба да даде науката, но еве се уште нема. Од конзерваторскиот центар рекоа дека […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 10:15
•
Posted by: MK News
При влез во Македонија на граничниот премин Богородица неколку македонски државјани пријавиле дека додека престојувале за време на празникот во Ханиоти на пет автомобили им биле украдени регистерските таблички. Покрај кражбите, еден автомобил претрпел и оштетувања. Тие ова го пријавиле на македонската погранична полиција. Случаите се евидентирани, но нема информација за колкави точно оштетувања станува […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија Македонија – ОДРАЗ и граѓанската иницијатива АМАН , покренаа петиција за укинување на обврската на граѓаните да плаќаат 33% поголеми сметки за струја на име „додадена моќ на потрошената електрична енергија“. Петицијата, со подршка од граѓаните треба да се најде во рацете на Ѓорге Иванов, претседател на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Во 2011 година во Македонија имало 14.736 склучени бракови, а во 2012-та бројката се намалила за 676 . Во 2011-та имало 1753 разводи, а лани 263 разводи повеќе. Бракоразводи има дури и поради несогласувања на околу име на бебето. Најновите статистички податоци, кои државниот Завод за статистика ги објави на почетокот од април, повторно укажуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 09:30
•
Posted by: MK News
500 пријави од работодавачи пристигнале до државниот инспекторат, дека од нивните компании за време на велигденските празници ќе бидат ангажирани работници. Деновиве се очекува инспекторите да излезат и на терен, за да утврдат дали на овие вработени им се испалтени празнични дневници и дали сите компании кои празникот ангажирале работниците ги пријавиле, јави Сител. Ако […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 09:15
•
Posted by: MK News
По интервјуто на новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, во кое тој ја обвини градежната мафија дека сака да го привлече со бизнис понуди, од владејачката ВМРО ДПМНЕ и по втор пат побараа од Жерновски да ги открие имињата на оние кои наводно му нудат мито. „Поминува втор ден, а Жерновски сеуште не се охрабри […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Jaвното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје изминатата недела објави оглас за продажба основни средства – приколки кои се лоцирани Автокамп “АС” во Струга. Почетната цена за приколките изнесува околу 24 илјади денари, а заинтересираните правни и физички субјекти за купување на основните средства писмените понуди, во затворен коверт без никакви ознаки со кои би се идентификувал понудувачот, можат […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Докторот Јордан Камнар најверојатно починал од срцев напад. Неговото тело утрово беше пронајдено во Градскиот парк во Скопје. Најблиските роднини го идентификувале телото. Истакнат специјалист, во својата професионална кариера се занимаваше со најкомплексната ортопедска проблематика при што голем придонес даде во ревизионата ендопротетика и имплементација на тоталната протеза на колкот. Беше директор на Ортопедската клиника […]
______________________________________________________________________________________________________
06/05/2013 21:56
•
Posted by: MK News
______________________________________________________________________________________________________
06/05/2013 17:29
•
Posted by: MK News
Жителите на Топаана денеска го блокираа влезот на скопската населба, поради полициско насилство. Тие поставиле контејнери на влезовите и не дозволуваат пристап ни на полицијата ни на минувачите. Протестираат против бруталноста на полициските специјалци кои синоќа дошле во населбата во потрага по затвореник. Ситуацијата ескалирала кога се вмешале жителите кои го попречувале приведувањето на затвореникот. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/05/2013 13:35
•
Posted by: MK News
22 години од загинувањето на првата македонска жртва во југословенската војна, кавадарчанецот Сашко Гешовски. Убиството на Гешовски остана мистерија а неговите родители не дознаа како згасна животот на нивното чедо. На 6 мај точно во 11 часот во Сплит 1991 година бил убиен Сашо Гешовски. Сашко утрото на 6 мај бил на должноста стражар во командата на […]
______________________________________________________________________________________________________