09/05/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Градот залудно потроши 165.000 евра за физибилити студија, никој не подигнал ни тендерска документација. Засега никој не сака да инвестира во изградба на скијачкиот центар. На адресата на градските власти вчера до предвидениот рок не била доставена ниту една понуда на огласот за инвеститор на најавената зимска атракција на скопската планина, a ниту една компанија […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 21:23
•
Posted by: MK News
Веќе е официјално заминувањето во пензија на актуелниот прв човек на БЈБ. Од МВР за Press24 ја потврдиле оваа информација но не потврдуваат кој ќе го замени на оваа висока полициска функција Press24 повикувајќи се на владини извори објави дека на неговото столче ќе седне досегашниот директор на Централните полициски служби (ЦПС) Митко Чавков Човекот […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 19:53
•
Posted by: MK News
Вака изгледало небото над Охрид и Крушево попладнево. Грмотевици и дожд ја зафатија цела Македонија Фото -weather4all.com.mk Охрид – 08.05.2013 – Photo Stojan Stojanovski 2S Крушево – by Paragliding Club Vertigo
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 15:49
•
Posted by: MK News
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, ги известува граѓаните дека утре поради дефект на шибер од Ф – 400 мм во пумпна станица Припор, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на дефектот без вода ќе останат корисниците од високата зона во […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 13:30
•
Posted by: MK News
Мичо Величковиќ – Македонец роден во Перу го освои третото место на Интернационалниот Шампионат на Авионска Акробација “Каролина Боогеи” во Америка. При подигнувањето на наградата Мичо се фотографирал со Македонското и Перуанското знаме зад себе.
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 13:22
•
Posted by: MK News
Голема полициска акција е во тек во повеќе градови низ Македонија а се апсат членови на Франкфурт мафијата, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, акцијата тече во Скопје Штип и Велес а станува збор за продолжение на „Диригент2“. Според првичните информации лицата се поврзани со перење пари и трговија со дрога. Од МВР […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 10:05
•
Posted by: MK News
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Вашингтон порача дека прашањето за употребата на албанскиот јазик не е затворено и дека допрва ќе треба унапредување на неговата употреба за да може да се каже дека Рамковниот договор е целосно спроведен. Дека ДУИ не е задоволна од нивото на употреба на албанскиот јазик, Ахмети истакна веднаш по […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Преубавиот парк на езерата во населбата Аеродром, отворен минатата година е загаден. централното, најголемо езерце е преполно со пена, жолтеникаво кафеави наслаги, а неизбежни се и краставите жаби. Овие фотографии се направени вчера. Иако работници се обидуваа да го исчистат езерцето отстранувајќи ги наслагите очигледно е дека нешто не е во ред со водата во […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 09:30
•
Posted by: MK News
1,8 милијарди евра хартии од вредност, 273 милиони монетарно злато, валутите и депозитите 154 милиони евра и специјалните права за влечење со 1,9 милиони евра- ова е заштедата на Македонија според НБРМ. Поради неизвесноста во еврозоната, зголемените ризици и намалените очекувања за економско закрепнување, најголем дел од девизните резерви со кои располага државата НБРМ ги […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 09:20
•
Posted by: MK News
Стартуваа со новите деловнички правила. Од денеска почна да се мери времето на говорење во комисиите. Во прво читање народните избраници ќе може да зборуваат максимум 20 минути, а координаторите 30 минути .При амандманската расправа времето за говорење се скратува дупло. Покрај ограничувањето, новитет во Парламентот за скоро време, најверојатно ќе биде и новата пратеничка […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 09:15
•
Posted by: MK News
„Во јуни, ЕУ повторно ќе ја одложи одлуката за пристапни преговори на Македонија, за декемврискиот Совет, поради блокирањето на Грција“, објави денеска поранешниот министер за надворешни работи на Твитер.
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Дел од атмосферата за време на Велигденската литургија во манастирот „Св. Јован Бигорски“ е пренесен преку фотографија што денеска се најде во угледниот американски весник „Вол Стрит Журнал“. На фотографијата се гледа како верниците ги палат своите свеќи додека архимандритот Партенија ја води литургијата. На литургијата присуствуваат и претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга кои […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 22:34
•
Posted by: MK News
Доцна вечерва невреме, дожд и грмотевици го зафатија и Скопје. ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО БИТОЛА – ГРАД И ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ (ФОТО)
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 20:29
•
Posted by: MK News
Казна затвор од 13 години си заработи Петар Манески кој го уби Mухамед Aли Jашари во дворот на училиштето Здравко Цветковски, јавува Канал 5. Казна затвор вовреметраење од 4 месеци доби Стефан Гелов, додека Доријан Тасев е ослободен бидејќи тој веќе издржува друга затворска казна, а осуденикот Петар Манески е во бегство. Инаку, Јашари почина во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 20:20
•
Posted by: MK News
Двајца завршиле во болница откако биле каснати од отровни змии за време на продолжениот празничен викенд. Во првиот случај каснато е 10 дете од Долно Јаболчиште, кое си играло на блиската ливада. Тоа е згрижено и неговата состојба е добра, пишуива Дневник. Во вториот случај каснат е 27-годишник од Велес, кој го славел 1 Мај […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 18:27
•
Posted by: MK News
Камерманот на МРТВ го извлече најдебелиот крај откако на него во борба за топка налета фудбалерот на Вардар, Димитар Лазаревски. Вардар на 5 минути пред крајот на братското дерби против Тетекс води со 0:3. Мечот се игра на стадионот во Ѓорче Петров Прес 24
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 16:12
•
Posted by: MK News
Битола пред дваесетина минути ја зафати големо невреме проследено со ветар, дожд, грмотевици и град со големи на лешник, јави Нова Македонија. Поради силниот дожд улиците беа прекриени со вода, а отежната беше движењето на возила, а за ретки беа пешаците кои се осмелија да се движат по силниот дожд. Извор – Нова Македонија / […]
______________________________________________________________________________________________________
07/05/2013 15:56
•
Posted by: Александра Смилеска
Заклучени врати пломби и налепници дека објектот е затворен од Управата за јавни приходи – од денеска е затворена популарната сендвичара во центарот на градот ,,7,, Од УЈП велат дека се констатирани неправилности во делот на готовинскиот промет и фискализацијата. Согласно законот, објектот ќе добие забрана за вршење на дејност во наредните 30 дена и […]
______________________________________________________________________________________________________