30/12/2012 13:17
•
Posted by: MK News
Претрес во домот на познат музичар во Кавадарци извршила полицијата поради сомнение дека е вмешан во бесправно добивање на американски визи за граѓани од Македонија оти преку илегален начин повеќе државјани на Македонија во својство на музичари добиле визи и заминале за Америка иако не биле музичари, дознава “Дневник”. Претресот бил извршен во петокот во […]
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2012 13:09
•
Posted by: MK News
Кумановци се почесто одлучуваат да ја раскинат брачната заедница отколку да живеат во конфликтно семејство, па така годинава биле поднесени 150 барања за развод во Куманово, пренесува Канал 5.
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2012 09:00
•
Posted by: MK News
Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните “ПРЕВЕНТУС” Скопје во соработка со интернатот – згрижувалиштето „Гоце Делчев” во село Љубанци, организираа хуманитарен новогодишен настан за десет дечиња – социјални случаи, под мотото „Со детска радост и во добро здравје за 2013“…
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2012 19:20
•
Posted by: MK News
Дваесетина нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, на Сојузот за подводни активности од Македонија, како и нивни колеги од Албанија, денеска традиционално по 11-ти пат поставуваа и украсуваа елки во водите на Охридското Езеро.
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2012 13:29
•
Posted by: MK News
Протестот на СДСМ пред седиштето на ВМРО – ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2012 13:20
•
Posted by: MK News
Без инциденти се одвиваа протестот на членовите и симпатизерите на опозициските партии кои денеска се собраа пред седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2012 12:29
•
Posted by: MK News
СДСМ очекува масовен и мирен протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, изјавија утринава од најмоќната опозициска партија.
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2012 10:30
•
Posted by: MK News
Ситуацијата со загадувањето на воздухот со ситни честички во Скопје и во некои градови е сериозна, вели за Дневник проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, член на владината интерсекторска група што го следи аерозагадувањето.
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2012 09:30
•
Posted by: MK News
Брза помош ќе работи редовно со 13 дежурни екипи. Тел. 194
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 21:00
•
Posted by: MK News
Просечната бруто и нето плата во октомври годинава во однос на октомври минатата година бележи пораст од 0,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 20:48
•
Posted by: MK News
Социјалните мрежи веќе почнаа да коментираат, а Македонската телевизија во централниот Дневник објавила кој ќе ја преставува Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 19:46
•
Posted by: MK News
Холивудската ѕвезда Николас Кејџ е воодушевен од македонско девојче. И тоа од 16-годишната Илина Димитровска. Таа била дел од жирито на детскиот фестивал Џифони во Италија, а Кејџ главен гостин. Обичајот е секоја година гостинот од над 3.000 деца од 3 до 18 години, кои го сочинуваат можеби најголемото жири на светот, да одбере десетина […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 19:45
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 51. седница ја изгласа одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан – ИСАФ.
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 19:27
•
Posted by: MK News
Секој што има т.н. смарт телефон со интернет од денеска ќе може да ја користи i-Kat апликацијата на Агенцијата за катастар и недвижности која овозможува лесен пристап и увид до сите нејзини податоци.
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 19:20
•
Posted by: MK News
Десет стана во вкупна површина од 910 метри квадратни и деловен простор со површина од 62 метри квадратни, кои се лоцирани во Скопје, ќе му бидат конфискувани на Иснифарис Џемаили врз основа на судска пресуда.
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 17:47
•
Posted by: MK News
Заштитениот сведок во процесот „Ровер“ на телевизискиот екран во судницата се појавил прекриен со шаховски полиња.
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 16:55
•
Posted by: MK News
Во пет сообраќајни несреќи на автопатот Тетово Гостивар повредени се дури 12 лица. Меѓу нив и новинарска екипа на тетовската ТВ Кис. Четири судири се верижни а во еден случај, возачот со авотмобилот удрил во столбот од патарината.
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2012 16:32
•
Posted by: MK News
Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска на предновогодишното обраќање пред партските членови изјави дека и покрај последните настани во Собранието пратениците од оваа партија остануваат во Парламентот.
______________________________________________________________________________________________________