31/12/2012 21:40
•
Posted by: MK News
Дочекот на новата година на плоштадот во Скопје се емитува во живо преку веб страницата на Македонски телеком.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 17:26
•
Posted by: MK News
Претставката на Здружението на новинарите на Македонија за прекумерна употреба на сила кон новинарите за време на случувањата во Собранието при носење на буџетот е неоснована, заклучил Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди по интерната истрага по претставката доставена од Здружението.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 17:21
•
Posted by: MK News
Во Струга со години наназад не се организира свечена новогодишна програма на плоштадот, а градоначалникот Рамиз Мерко потенцира дека граѓаните не покажувале интерес за масовен пречек на новата година.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 15:41
•
Posted by: MK News
„Весела згода во Кисела Вода“ е мотото под кое годинава општина Кисела Вода ќе организира новогодишна прослава.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 15:27
•
Posted by: MK News
Времeто во Македонија е претежно сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во одделни котлини има појава на магла.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 15:25
•
Posted by: MK News
За основците и средношколците денеска е последен училиштен ден во првото полугодие. По тринеделен зимски распуст тие ќе се вратат на настава на 21 јануари, понеделник.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 11:33
•
Posted by: MK News
Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 11:29
•
Posted by: MK News
Од 1 јануари 2013 година се укинуваат и намалуваат царините за увоз на производи во четири индустриски гранки, соопшти Царинската управа на РМ.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 11:15
•
Posted by: MK News
Новогодишниот концерт ќе почне во 20.00 часот, а се очекува да трае до раните утрински часови. Точно на полноќ небото над Скопје ќе го осветли спектакуларен огномет.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 11:00
•
Posted by: MK News
Во најновиот број на каталонското историско списание Fent història, објавен е напис посветен на нашата татковина. Се работи за авторски текст на историчарот Октави Мајорки, со наслов „Националниот идентитет на Македонија“.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 00:50
•
Posted by: MK News
Според информациите Кирил и бил вереник на Виолета, а вчера дале збор и се вериле.
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2012 00:26
•
Posted by: MK News
Според последнтие информации убиената е Виолета.Н, телото на машкото лице биле пронајдено во дворот на училиштето Круме Кепески. Како што објави телевизија Сител се работи за Кирил.Р.
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2012 23:42
•
Posted by: MK News
Двојно убиство вечерва во скопска Кисела Вода.
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2012 21:58
•
Posted by: MK News
Првите честитки дојдоа од градоначалникот на Струмица Зоран Заев кој на младенците им подари апартман во хотелот со комплет услуги од Спа центарот додека колегите ги благословуваа со многу деца.
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2012 20:50
•
Posted by: MK News
Токму на овој ден, далечната 1941, на прагот на новата 42, во виорот на ослободителната борба, за прв пат е испеана македонската химна. Вечерва таа полни 71 година.
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2012 20:16
•
Posted by: MK News
Паркингот во скопски Центар ќе биде бесплатен по 12 часот на пладне и ќе се наплаќа само 4 часа, од 8 часот наутро до пладне.
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2012 13:56
•
Posted by: MK News
Панделина Атанасова, 21-годишната студентка на трета година на Факултетот за музичка уметност во Љубљана годинава ја доби највисоката државна награда на Словенија .
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2012 13:53
•
Posted by: MK News
Одлуката за воведување на потполна професионализација во армијата донесена е многу брзо, вели началникот на ГШ на АРМ