27/09/2012 07:30
•
Posted by: MK News
Дел од корисниците лоцирани на улиците „Кленоец“, „Владимир Каваев“ и „Пресека“ во населбата Влае утре од 08:30 до 15:30 часот ќе бидат без електрична енергија.
______________________________________________________________________________________________________
27/09/2012 07:00
•
Posted by: MK News
Со топлотен бран од жолта фаза, ќе биде зафатен дел од територијата на држава, Скопје, Куманово, Велес, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Валандово, Демир Капија и Дојран, соопшти Министерството за здравство.
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2012 18:11
•
Posted by: MK News
Драган Павловиќ се повлекува од главен уредник во весникот Вечер, за да предава на Европскиот универзитет. Останува уредник во Сител, а во Вечер ќе ја има функцијата политички уредник.
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2012 17:20
•
Posted by: MK News
Грција ги затвара граничните премини – царината стапува во неколкудневен штрајк.
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2012 10:30
•
Posted by: MK News
Еден од приведените за случајот ,,Ровер,, а во врска со убиството на Мaријан Тушевски, по два месеци во притвор се сетил на нови детали и сега ќе сведочи против Љубе Бошковски, ова сведочење може да го остави Бошкоски во затвор уште долги години, пишува Фокус.
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2012 10:03
•
Posted by: MK News
Албанската владејачка партија ДУИ се заканува со блокада на судството доколку не добијат едно од клучните места.
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2012 10:00
•
Posted by: MK News
Заштитниот сведок на јавното обвинителство кој се појави пет месеци по петкратното убиство кај Смиљковското Езеро е жена, пишува весникот „Коха“.
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2012 08:39
•
Posted by: MK News
,, Доволна е и една капка вода за комарецот да се размножи, затоа е важно да не се оставаат отворени канти и други садови во дворовите. Ако комарецот не се нахрани со крв, не може да положи ларви, од кои настануваат нови комарци. Освен таблети и спрејови против комарци, како заштитни средства кога се престојува […]
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2012 07:39
•
Posted by: MK News
Уште пет дена има до истекот на рокот за вадење на биометриска возачка дозвола. По 1 октомври полицијата ќе казнува секој кој ќе вози со стара возачка дозвола. Казната е 45 евра или 25 казнени поени, пишува Вест.
______________________________________________________________________________________________________
26/09/2012 07:29
•
Posted by: MK News
Во Македонија ке биде сончево и топло. Слаб променлив ветар.
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2012 21:34
•
Posted by: MK News
Почна изградбата, донесена е градежна механизација. Според информациите изградбата стартувала за едниот од двата предвидени бродови на Вардар. Од Град Скопје велат дека на фирмата “Фаланга” им издале одобрение за градба но нема повеќе детали.
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2012 18:35
•
Posted by: MK News
Жена на возраст од 83 години хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје вчера починала од западнонилска треска.
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2012 10:45
•
Posted by: MK News
Жителите на населбата Бутел реагираат. Нова куќа која се гради во населбата од ден на ден се повеќе личи на џамија, фали само минаре, објави Телма.
______________________________________________________________________________________________________
25/09/2012 08:41
•
Posted by: MK News
Во Македонија ке биде претежно сончево и потопло. Ке дува слаб југоисточен и југозападен ветар. Утринските температури од 7°C до 17°C, а максималните дневни ке се движат од 26°C до 34°C.
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2012 21:04
•
Posted by: MK News
Поради топлото време погодно за размножување на комарците кои се преносители на повеќе заразни болести меѓу кои и западнонилската треска од кои во Македонија досега се регистрирани пет заболени и еден смртен случај, одлучено е да се преземат вонредни превентивни мерки.
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2012 20:38
•
Posted by: MK News
Во тешка сообрќајна несреќа која се случила на патот Битола – Кравари повредени се 10 лица, јавува Нова Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2012 20:24
•
Posted by: MK News
Музиката за филмот “Hemingway & Gellhorn”, компонирана од страна на композиторот Javier Navarrete за HBO ја доби овогодинешната награда EMMY AWARD 2012 за најдобра филмска музика во категоријата драма.
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2012 16:52
•
Posted by: MK News
Лидерот на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов Ѕинго се повлекува од пратеничката функција поради лични причини, објави Макфакс повикувајќи се на извори од неговата партија.
______________________________________________________________________________________________________