09/05/2015 09:44
•
Posted by: MK News
Во Куманово, каде што утринава се водеа жестоки престрелки меѓу полицијата и вооружена група, е мирно. Полека престануваат пукотниците Четворица тешко повредени полицајци се донесени во кумановската болница, вели д-р Драган Тасевски за „Плусинфо“. Според доктор Тасевски сите се во тешка состојба. Сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје, пак, се под силно полициско обезбедување […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 09:29
•
Posted by: MK News
Под силно полициско обезбедување на специјалните сили се сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје каде што се пренесуваат повредените полицајци од акцијата утринава во Куманово, јавува Телма. Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 09:22
•
Posted by: MK News
– МВР презема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски. Акцијата, која се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група, се уште трае. Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Од итна помош информираат дека имаат две […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 09:16
•
Posted by: MK News
Новоизградениот кружен тек на булеварот „Партизански одреди“ кај Порта Влае беше свечено отворен за сообраќај. Се работи за најголемиот кружен тек во главниот град, со дијаметар од 40 метри, односно по две коловозни ленти со ширина од девет метри, заштитна патека од 1,5 метри и средишно зеленило. Истовремено, булеварот „Партизански одреди“ е проширен до влезот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 09:10
•
Posted by: MK News
Истрели и пукотници се слушаат од 4 часот утринава во Куманово. Според информациите на локалниот портал „Кумановски муабети“, истрелите доаѓаат од правецот на Зелен пазар, ул. Тоде Мендол, односно од повисоката зона на градот предоминантно населена со албанско малцинство Полициските сили веќе се во Куманово, а од рано утрово хеликоптери прелетуваат и над Скопје. Според албанскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 09:05
•
Posted by: MK News
Во 4.30 раноутринава во Куманово започна голема вооружена престрелка. Според се уште неофицијални информации во кумановската населба “Диво насеље” полициските сили се судриле со група од околу 70 вооружени лица, објави Нова тв. -Неофицијално во престрелката има петмина ранети. Од утрово на граѓаните не им се дозволува да ги напуштаат своите домови и да се […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 23:10
•
Posted by: MK News
Вечерва се приведени уште осум лица од деветмина идентификувани кои учествуваа во бруталните насилства на протестите пред Владата кога настрадаа 38- полицајци. Насилниците во текот на вечерта ќе бидат изведени пред надлежен обвинител и судија. Осомничени се за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Во истражниот процес се очекува да се открие и […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 20:18
•
Posted by: MK News
СДСМ се води по две точки со кои ги лажат сопартијците, а тоа е дека имаат странска поддршка и дека ДУИ ќе излезе од коалицијата. -Прво нивната девиза е што поголем хаос подобро за нив, тоа значи дека власта ќе се диспензира. Второ СДСМ на ваков начин постојано го лаже членството дека имаат поддршка. Тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 20:16
•
Posted by: MK News
Протест против полициска бруталност се префли пред Собрание, откако денеска демонстрантите беа спречени да протестираат пред Влада, пред МВР и пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски. Пред собрание се собрани неколку илјади луѓе кои извикуваат „Оставки“, „Нема правда, нема мир“, „Грујо оди си“.
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 19:28
•
Posted by: MK News
Неколку стотина граѓани во моментов се дел од мирниот протест против полициска бруталност, кој започна попладнево пред споменикот на „Свети Кирил и Методиј“ во Охрид. Демонстрантите носат транпаренти со различни пароли, а протестот го обезбедува полицијата, јавува Ohridnews Овој собир беше организиран преку социјалните мрежи, а во моментот демонстрантите се движат кон Секторот на внатрешни […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 19:15
•
Posted by: MK News
Групата демонстранти кои од вторникот протестираат против полициската бруталност, на патот кон МВР, застанаа пред кампусот на Средношколскиот пленум, каде веќе средношколците втора недела кампуваат. Со извикување и со скандирање на „Заедно сме посилни“, голем број средношколци им се придружи на демоинстрантите на патот кон објектот на седиштето на МВР. Демонстрантите околу 18 часот се […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 18:14
•
Posted by: MK News
Мојот став е дека ваквата политика не е во согласност со изборните ветувања со кои настапаивме и се обврзавме пред граѓаните на последните парламентарни избори, вели секретарот на ДОМ, Стево Темелковски. Меѓу огромниот процент на членови на ДОМ кои преминаа во владејачката партија се наоѓа и секретарот на партијата Стево Темелковски. -Би сакал да искажам […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 15:08
•
Posted by: MK News
Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Центар и директор на ПОЦ, Саша Богдановиќ синоќа бил претепан пред неговиот дом. Напаѓачите кои биле маскирани го нападнале и удирале Богдановиќ со метални шипки, при што му нанеле тешки телесни повреди. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов изјави денеска дека поради сериозноста на повредите Богдановиќ е задржан на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 13:41
•
Posted by: MK News
Возачите на автобусите на ЈСП денеска го блокираа влезот пред СДСМ во знак на протест поради нападот на дел од активистите на партијата врз нивниот возач во средата вечерта.Десетина автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие во знак на протест се паркирани пред централното седиште на СДСМ. Денеска пред СДСМ новинарите го искажаа својот револт поради насилството […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 13:21
•
Posted by: MK News
Вистинска паника се случувала во авион на една компанија која операрира од македонскиот аеродром. На летот од Западен Минхен до Скопје, вчера околу 15 часот се случил помал инцидент кој ги испаничил патниците, пишува порталот ЗаСе.мк. Имено, летајќи кон Македонија, авионот бил зафатен од силни турбуленции по што, како што велат патниците кои утрово се […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 12:51
•
Posted by: MK News
„Денес ја почувствував демократијата на дело. Денес бев уапсен од германската полиција која ме спречи да присуствувам на прославата во Берлин по повод 70 години од победата над фашизмот“, напиша пред неколку часа на својот фејсбук профил Ленин Јовановски, лидер на „Ноќните волци“ од Македонија кои пред неколку дена тргнаа за Берлин. Целата акција е […]
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 12:36
•
Posted by: MK News
За денес на социјалните мрежи се најавуваат нови протести против полициската бруталност кои започнаа во вторникот во Скопје, по „бомбата“ за убиството на Мартин Нешковски. На Фејсбук страницата „СТОП На Полициската Бруталност“ е објавено дека денеска ќе се протестира во 9 градови ширум Македонија со почеток од 18 часот.
______________________________________________________________________________________________________
08/05/2015 12:29
•
Posted by: MK News
Во обидот за дестабилизација на државата како обид со насилство СДСМ да дојде на власт, Зоран Заев го злоупотреби случајот од 2010 година и убиството на Мартин Нешкоски. Притоа креираше слика во јавноста употребувајќи делови од телефонските разговори додека траела истрагата за да ја измами јавноста дека власта се обидела да прикрие убиство. Заев не се […]
______________________________________________________________________________________________________