15/09/2014 17:55
•
Posted by: MK News
Ниту била исчезната, ниту киднапирана, сопругата на Горан Велковски заминала со друг маж. По вчерашниот апел на сопругот за помош, таа за Сител потврди дека е жива и здрава. Денеска и на полицијата и открила дека сама одлучила да замине од дома. Ваквиот потег бил шок за Горан, кој тврдеше дека немале никакви недоразбирања во нивниот седум […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 17:44
•
Posted by: MK News
Во Ре-Медика родено е првото бебе од смрзната јајце клетка во Македонија, дознава Курир. Првата приватна општа болница Ре-Медика, деталите ќе ги соопшти утре. За ова достигнување ќе говорат проф. д-р Андреја Арсовски, медицински директор, проф. д-р Глигор Димитров, шеф на оддел на гинекологија и акушерство, д-р Зоран Петановски, шеф на ИВФ.
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 15:30
•
Posted by: MK News
Во продолжение преку фотографиите на порталот Засе.мк погледнете како изгледа новата зграда на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ изградена на местото на срушената жолта помала зграда.
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 15:15
•
Posted by: MK News
Македонски граничар кој ја „чува“ 1.340 километри долгата граница на Таџикистан со Авганистан доби медал за заслуги за развој на безбедноста. Горанчо Стојковски речиси две и пол години работи во Мисијата на ОБСЕ во Таџикистан на позицијата Советник за граничен менаџмент. Неодамна тој е одликуван од страна на командантот на Националната гранична служба со медал […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 14:45
•
Posted by: MK News
И по 20 години, светиниколци ги мачи дилемата – кој е главниот причинител, нивниот град да е на врвот од несаканата листа на македонски градови по број на заболени и починати од рак на дојка, јавува Канал 5. За едни, тоа е водата од чешмите, но сомнежот е отфрлен со активирање на филтер станицата. За […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 14:15
•
Posted by: MK News
Пред девет века на Виргино брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје, или Калето како што денес се нарекува тој простор, бил изграден најголемиот и најбогат манастир во овој дел на Македонија. Според досегашните истражувања, пред девет века на Виргано брдо, над реката Серава, спроти средновековно Скопје или Калето, како што сега се нарекува тој […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 14:00
•
Posted by: MK News
Во вториот квартал од годинава, невработеноста во земјава изнесува 28,2%, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. За разлика, од истиот период од минатата година кога невработеноста изнесувала 28,8% се забележува благо намалување. Или, според официјалните податоци на статистиката, во Македонија во второто тромесечје од годинава има вкупно 270 325 невработени, додека пак лани […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 13:15
•
Posted by: MK News
Довчерашното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир од денеска се вика „Хасан Приштина“, а таблите со новиот натпис веќе се поставени, објави Алсат. Таблите со старото име на училиштето се симнати по налог на директорот, објави телевизијата.
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 12:30
•
Posted by: MK News
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов го посети домот на Есма Реџепова која со своето хуманитарно здружение е дел од заедничкиот проект „На секое дете му е потребно семејство“. Министерот Спасов честитајќи и на Есма за успешната работа, потенцира дека таа е вистински пример за згрижувачко семејство. – Есма Реџепова досега има згрижено […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 12:15
•
Posted by: MK News
Еден интересен социјален експеримент за тоа каков е нашиот менталитет и колкава е нашата хуманост и чесност. Според она што може да се види Скопје има доблесни луѓе но сепак, има и такви на кои око нема да им трепне да се збогатат на туѓата несреќа. Погледнете:
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Ќе се зголемуваат цените на месото, а намалените цени на млечните производи на европските берзи, барем засега, влеваат надеж дека тие ќе останат непроменети. Ова се прогнозите на производителите и на преработувачите во месната и во млечната индустрија. Болеста син јазик што ги напаѓа овците, козите и кравите, донесе голема неизвесност за иднината на цените […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 11:15
•
Posted by: MK News
Иако се јавил нешто подоцна, автомобилскиот сообраќај во Скопје доживеал незапирлив развој, пишува Скопје инфо. Автомобилите биле најретки бидејќи подоцна се вклучиле во сообраќај. Првите автомобили “Рено” и “Форд” во Скопје биле донесени во 1911 година. Цивилните власти во Скопје се заложиле за користење на извесен број возила што биле употребувани на Солунскиот фронт. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Необична приказна – еден морнар го нацртал Скопје во 14 век! Кој е морнарот и како успеал да доплови до Скопје? По реката Вардар? Сигурно не! Како тогаш? Тој Скопје го нацртал и го вброил во медитеранските градови, претходно сликајќи повеќе места од Медитеранот, но и пошироко, пишува Вест. Името на морнарот било Ангелино Дулцерт. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 10:15
•
Posted by: MK News
При татко, цел живот бев сирак, се првите зборови што ни ги искажа со болка во гласот и солзи во очите како семејно патешествие, 70-годишната Трајанка Ристевска од Битола. Таа е ќерка на големиот македонски патриот Благој Шамбевски (1921-1974), предводник на современата илинденска борба за независност и обединување на Македонија. Бил меѓу првите осудени од […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 10:10
•
Posted by: MK News
Скопската Зоолошка градина е посочена како пример за регионот при набљудувањето на бугарските аналитичари на државната телевизија во Бугарија. Според нивната анализа, животните во Зоолошката градинка во Скопје се спокојни поради условите кои ги имаат. – Животните во Македонската Зоолошка се спокојни поради просторот во кој живееат, зеленилото со кое се опкружени, слободата која ја […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Зијадин Села, градоначалник на општина Струга, кој рушеше објекти долж кејот на Црни Дрим, решил да ги руши изградените плажи долж крајбрежјето, ја стопирал изградбата на хотелот Изгрев, беше во првите редови на протестите за ослободување на убиците кај Смилковско Езеро, беше обвинет дека ги брка од работа вработените македонци, што демантираше. Но, Охрид скај […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Владата ќе ги зголеми платите на администрацијата, пензиите и социјалната помош. Платите на вработените во јавната администрација ќе се зголемат за 4 насто, пресметано од октомвриската плата, додека социјалната помош и пензиите ќе се зголемат за по пет насто наредната година. Зголемувањето за социјалците и за пензионерите ќе се случи во јуни, односно во септември […]
______________________________________________________________________________________________________
15/09/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Kолку основни училишта, толку цени и начини на организирање на исхраната за целодневната настава во Скопје. Од 1.500 до 2.500 денари за појадок, ручек и ужинка која во некои скопски училишта и задолжително мора да се плаќа, без оглед дали детето може да ја јаде. A токму ова ги лути родителите, пишува Дневник. – Син ми […]
______________________________________________________________________________________________________