21/01/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Триесет и шестгодишен маж денеска во центарот на Прага, на Вацлавскиот плоштад, се обиде да се самозапали во близина на местото каде пред 44 години се самозапали студентот Јан Палах.
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2013 09:00
•
Posted by: Ана Ношпал
Момче на 15-годишна возраст убило две возрасни лица, маж и жена, и три деца. Убиствата се случиле во куќа во Албакерки.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 22:30
•
Posted by: MK News
Судот во никарагванскиот главен град Манагва, осуди на по 30 години 18 Мексиканци, кои во Никаргва се обидоа да внесат 9,2 милиони американски долари, лажно претставувајќи се на границата како новинарска телевизиска екипа.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 21:30
•
Posted by: MK News
Кели Брок од Фениск, Аризона подигнал тужба тешка 1,2 милиони долари против свој пријател кој му ја украл неговата фотографија на профилот на Фејсбук.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 21:15
•
Posted by: MK News
Исчезнати цивилизации, заборавени јазици – во овој документарен филм се говори за 10 малку познати цивилизации.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 20:15
•
Posted by: Ана Ношпал
Претседателот на САД Барак Обама денеска положи заклетва за втор мандат на претседателската функција на мала свеченост во Белата куќа, пред претседателот на Врховниот суд, судијата Џон Робертс, придружуван од семејството.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 19:30
•
Posted by: MK News
Основачот на највлијателната компанија во светот Mајкрософт, Бил Гејтс, објави дека своето богатство ќе го подели на сиромашните, бидејќи парите не му значеле ништо.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 18:30
•
Posted by: Ана Ношпал
Потпретседателот на САД Џо Бајден денеска положи заклетва и по вторпат стапи на оваа должност. Тој се заколна пред Библијата со келтски крст на корицата, која е сопственост на неговото семејство уште од 1893 година.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 17:37
•
Posted by: MK News
Снежната покривка во некои делови на францускиот главен град Париз денеска достигна 30 сантиметри. Интензивните снежни врнежи кои започнаа вчера предизвикаа проблеми во сообраќајот во Париз.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Извинете бев дете – вака го започнал писмото крадецот кој по 15 години се покајал и испратил писмо до луѓето кои ги ограбил.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 12:00
•
Posted by: MK News
Военото обвинителство во Грузија објави видео снимка до која дошле за време на истрагата на криминалната мрежа која уценувала јавни личности. Тие снимале познати мажи со хомосексуалци и потоа ги уценувале.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 11:30
•
Posted by: Ана Ношпал
Обвинителството во Конетикат подигна обвинение против Кевин Волин (61), поранешен свештеник во градот Бриџпорт. Тој во последните 4 месеци добивал пакетчиња со метамфетамин од Калифорнија и ги препродавал на улица, но налетал на таен полициски агент кој работел на откривање на дилерите. Уапсен е веднаш.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Два града во северниот дел на Мексико се оставени без ниту еден полицаец, откако сите 158 полицајци, вклучувајќи ги и нивните шефови, биле уапсени. Откриено е дека биле поврзани со банда на организиран криминал.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Четиридневната заложничка криза во наоѓалиштето за гас на југот на Алжир заврши денеска со упад на специјалните алжирски сили, при што во пресметката убиени се 11 екстремисти, кои претходно убиле седумина заложници.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 21:24
•
Posted by: MK News
Односот помеѓу жените и мажите, особено кога станува збор за сексот, се регулирани на различни начини. Она што се смета за нормално во некои продрачја од земјината топка, предизвикува шокирање во друга и обратно. Ова се шокантните сексуални традиции во светот. 1. Племе Самбианс од Нова Гвинеа За да станете маж во ова племе, момчињата […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 18:53
•
Posted by: MK News
Во Каиро е отворено првото „исламско кафуле“ во Египет. Кафулето се разликува од другите вакви објекти низ египетскиот главен град, по тоа што е уредено според „исламските закони“, објаснуваат неговите сопственици. Тие велат дека кафето што се пие е сосема исто како и кафето во другите кафулиња.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 15:25
•
Posted by: MK News
42 годишен Русин буквално трчал за да си го спаси животот. Тој испаднал од возот, а на себе имал само мајца и папучи. Морал да трча седум километри на температура од минус 40 степени, до наредната станица.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 14:00
•
Posted by: MK News
Уругвај забрани во следните десет дена да се играат фудбалски натпревари во државата како одоговр на насилствата на натпреварот помеѓу Пењарол и Насионал во кој големанот на гостите удри полицаец и потоа беше уапсен. Тоа го соопшти претседателот на Уругвајската фудбалска асоцијација, Себастијан Бауза.
______________________________________________________________________________________________________