Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Претепан брачен пар од Скопје во Струга – мажот киднапиран

Скопјанец и неговата сопруга денеска на пладне биле претепани од засега непознати напаѓачи во Струга. Инцидентот се случил во близина на училиштето „Јахја Кемал”. Според првичните информации на „Охриднет“ напаѓачите од засега непознати причини го истепале брачниот пар, а потоа машкото лице го киднапирале. На сила го ставиле во автомобилот и заминале кон Струга. Претепаната […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Вака беше уапсен најбараниот лихвар во Македонија

Полициски специјалци вчера утрината го уапсија Фадил Арслани, по кого се трагаше два месеци. Гостиварецот е првоосомничен во акцијата „Чекан“ која беше спроведена во декември минатата година насочена за сузбивање на организирана криминална група која ги вршела кривичните дела – “злосторничко здружување“, “изнуда“, “лихварство“ и “перење пари“. При спроведување на судска наредба за претрес на […]

______________________________________________________________________________________________________

Малолетничка од Аеродром е исчезната 4 дена

Во полициската станица во Аеродром, Е.А.(71) од Скопје вчера пријавил исчезнато лице. Имено, тој пријавил дека на 02.02.2015 година во 15:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 14 годишна внука. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Човечки труп во фаза на распаѓање пронајден во Вардар во Скопје

Човечки труп во фаза на распаѓање бил пронајден утринава во водите на Вардар кај скопско Злокуќани. Телото го забележал рибар околу 7:30 часот, по што случајот го пријавил во полиција. Оттаму информираат дека е работи за труп на женско постаро лице, но идентитетот се уште не е познат. Телото е предадено на обдукција, а во […]

______________________________________________________________________________________________________

Три момчиња загинати во пожарот во Богданци

Утрово околу 9 часот и 30 минути експлодирала фабриката за полнење на плински боци во Богданци. Во експлозијата има  три жртви и неколку  повредени.  Лицето кое се здобило со изгореници,  поради сериозноста на повредите се транспортира кон скопските клиники. Трите загинати момчиња во фабриката за полнење плински боци „Балкан гас“ во Богданци се од селото […]

______________________________________________________________________________________________________

Петмина повредени во сообраќајката на патот Крива Паланка-Куманово

Пет лица се повредени  во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21:30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Сите повредени се надвор од животна опасност, пренесува МИА.   Несреќата се случила кога возачот И. Р.(1977), од Скопје управувајќи моторно возило од марката „волксваген“ со скопски регистарски таблички движејќи се од Крива Паланка кон Куманово, на месноста […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведени тепачите од скопско Нерези – Едниот од нив извадил пиштол но не успеал да пука

На булеварот партизански одреди се приведени три лица, кои учествувале во тепачка. Едниот од нив извадил пиштол и го репетирал, но не успеал да пука. При репетирањето, куршумот испаднал од пиштолот. Вознемирените случајни минувачи во близина на автобуската станица ја пријавиле тепачката, по што пристигнале четири полициски возила. Полицијата го пронашла куршумот, а за секој […]

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка во Карпош 4: Приведени се петмина

Доцна попладнево, нешто пред 18 часот, на булеварот Партизански одреди во населбата Карпош 4, се случила групна тепачка помеѓу две групи, пренесува Нетпрес Поради нарушување на јавниот ред и мир, полицијата набргу интервенирала и пет лица се веќе приведени на распит во полициската станица во Карпош. Според неофицијални податоци, има и повредени, но повеќе детали […]

______________________________________________________________________________________________________

Апсења во скопски Карпош!

Најмалку три лица се уапсени попладнево во скопски Карпош. Според првичните информации од полицијата се случило нарушување на јавниот ред и мир по што интервенирале полициските екипи. Приведените лица се однесени во полициската станица во Карпош

______________________________________________________________________________________________________

Џип на ОБСЕ прегази постар скопјанец

Возач на џип „хјундаи“ на ОБСЕ денеска во 13.40 часот на кај Влае го прегази 74-годишниот Новица Т. од Скопје. Полицијата извести дека џипот на дипломатската мисија на ОБСЕ во Скопје го возел 45-годишен возач од Македонија. Прегазениот бил пренесен во Ургентниот центар каде што е констатирана смрт од лекарска екипа.  

______________________________________________________________________________________________________

Момче пронајдено мртво во Кумановска река

Дваесет и две годишниот Мартин М. од Куманово пред малку е пронајден починат. Неговото тело е извадено од Кумановска река и истото е предадено на обдукција. Вчера полицијата информираше дека на 31-ви јануари неговата мајка пријавила дека околу 17 часот се одалечил од дома во непознат правец. Кои се причините за смртта на младото момче […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнати 15-годишно девојче од Тетово и 22-годишен кумановец

Вчера во полициската станица во Тетово, Д.М. (49) од с.Брвеница, Тетовско, пријавил дека исчезнала неговата 15-годишна ќерка. Според изјавата на таткото, девојчето последен пат било видено на 23 јануари 2015 година, околу 14 часот. За исчезнат е пријавен 22-годишен кумановец. Во полицијата исчезнувањето го пријавила неговата мајка А.Т.М. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 22-годишно момче од Куманово

Вчера попладнето околу 17 часот и 30 минути исчезнал дваесет и двегодишен кумановец. Во полиција исчезнувањето го пријавила неговата мајка А.Т.М. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Масовна тепачка во Скопје – повредени тројца полицајци

Вчера  околу 20:00 часот во Скопје, пред спортската сала „Јане Сандански“ пред мечот меѓу МЗТ и Партизан нарушен е јавниот ред и мир со судир помеѓу две навивачки групи, при што повредени се тројца полициски службеници, информира МВР.  Во Полициска станица се приведени неколку лица, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Медиумите вчера […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Страшен верижен судир на Партизанска

Неколкумина се повредени во страшен верижен судир кој синоќа се случил на улица Партизанска во Скопје. Станува збор за судир меѓу пасат, ауди и опел астра. Меѓу повредените, со тешки телесни повреди завршил возачот на едно од возилата и веднаш  бил префрлен во болница. Детали за здраствената сотојба на патниците се најавуваат за подоцна. ФОТО: Centarnews.net

______________________________________________________________________________________________________

И помалиот син на Верушевски осомничен за детска порнографија

Синот на поранешниот директор на ДБК Зоран Верушевски, 19-годишниот Горан, полицијата го сомничи за производство и дистрибуција на детска порнографија.  Како што инфромираат од полицијата во компјутерите кои ги запленија од домот на Верушевски биле пронајдени видеа и 16 фотографии со содржина на детска порнографија. Од полицијата информираат дека едно од видеата е превземено на […]

______________________________________________________________________________________________________

Вечерва се самоуби 24 годишно момче од Гостивар

Според првичните неофицијални информации момчето се самоубило со пушка, јавува телевизија Сител Момчето веднаш било пренесено во Ургентниот центар при што била констатирана смрт. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

______________________________________________________________________________________________________

Фатен насилникот кој пукаше кај Капитол Мол

Полицијата по спроведените мерки и истраги го утврди идентитетот на лицето кое пред три дена пукаше со пиштол кај трговскиот центар Капитол Мол во скопски Аеродром. Станува збор за 29-годипниот скопјанец Е.К. против кого полицијата поднела кривична пријава за сторено насилство и предизвикување на општа опасност. -Пријавениот на 27-ми месецов околу 20 часот на бул.„Јане […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1