30/01/2015 13:33
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа се случи претпладнево на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на Струга. Според информациите од Секторот за внатрешни работи од Охрид, несреќата се случила по 10 часот а во неа учествувало едно патничко возило „Мерцедес“. Во еден момент возилото во кое се превезувале четворица патници излетало од патот и се превртело на десната страна. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2015 12:58
•
Posted by: MK News
Вчера наутро околу 10,00 часот, во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во скопската населба Шуто Оризари, во машкиот тоалет, 15-годишен ученик насилно ја внел во тоалетот четиринаесетгодишна соученичка-негова поранешна девојка, каде било друго 15-годишно лице кое со употреба на сила извршил полови дејствија над истата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
30/01/2015 11:34
•
Posted by: MK News
Тешка несреќа се случила синоќа во 23.10 часот на раскрсницата на улиците Костурски херои и Партизански одреди. До несреќата дошло кога „ауди“ со скопски регистарски таблици управувано од 22-годишниот скопјанец Б.Д. удрил во пешакот Р.П., роден 1958 година од Струмица. По ударот, пешакот тој бил пренесен во Ургентниот центар со тешки телесни повреди.
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2015 11:55
•
Posted by: MK News
На 28.01.2015 година во 14,00 часот во ПС Гази Баба, Ќ.С.(45) од с.Катланово, скопско пријавил дека на 20.01.2015 година во 07,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка С.С.(23). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2015 10:42
•
Posted by: MK News
Синоќа околу 20 часот синоќа на локалниот пат кој минува низ центарот на Превалец се случи страотна несреќа. Како што јави порталот Дума, петгодишно детенце било прегазено од автомобил, а по ударот возачот не застанал туку продолжил да вози. Како што денеска јавува Канал 5, велешката полиција го пронајде несовесниот возач кој го прегази детето […]
______________________________________________________________________________________________________
29/01/2015 09:57
•
Posted by: MK News
Петгодишно дете е прегазено вчера во велешката населба Превалец. Детето со мајката и братот, се од селото Горно Јаболчиште, а во Превалец чекале превоз за дома. Детето било прегазено од автомобил, а возачот избегал. Петгодишно дете без знаци на живот е донесено вечерва на хирушкото одделение во велешката болница, а лекарите не успеале да го […]
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2015 12:56
•
Posted by: MK News
40-годишниот Михаил Ј. од Гевгелија загина во сообраќајна несреќа која се случила околу 4 часот изутринава на патот Богородица – Гевгелија. Тој изгубил контрола врз своето возило „Фолксваген Буба“ и излетал од патот, при што починал на местото на настанот.
______________________________________________________________________________________________________
28/01/2015 12:54
•
Posted by: MK News
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје- Велес.Автомобил од марката Фолксваген Венто се заби во сообраќајните знаци на излезот од автопатот кај Велес.
______________________________________________________________________________________________________
27/01/2015 18:52
•
Posted by: MK News
Во неделата побарал лекарска помош, се обидел да го нападне лекарот а потоа земал два ножа и се вратил во лекарската соба заканувајќи му се на лекарот дека ќе го убие Главоболка била причината поради која 16 годишниот затвореник побарал помош. Незадоволен што долго чекал, бесот го истурил врз затворскиот лекар и тоа само што […]
______________________________________________________________________________________________________
27/01/2015 12:38
•
Posted by: MK News
Во Медицински центар Гостивар вчера била донесена С.З.(36) од с.Д.Ѓоновица, гостиварско, со прострелна рана од огнено оружје во левата потколеница. С.З. со повредата се здобила во Гостивар во станот во кој живее со својот невенчан сопруг Ф.М.(46) од с.Д.Ѓоновица. Имено, додека Ф.М. го чистел своето огненено оружје-ловечка пушка која ја поседува со дозвола, од невнимание […]
______________________________________________________________________________________________________
27/01/2015 12:04
•
Posted by: MK News
Четири лица се ранети со нож во трговскиот центар „Мавровка“. Како што е наведено во полицискиот билтен, на 26.01.2015 година околу 18:30 часот во Скопје, во Трговски центар Мавровка три непознати лица физички ги нападнале М.Н.(18), С.И.(18) и Б.М.(23) сите од с.Арачиново и Ј.Љ.(21) од Скопје. При нападот со остар предмет на сите им нанеле […]
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2015 09:15
•
Posted by: MK News
Во тешката сообраќајна несреќа која што се случи вчера околу 19 часот во близина на штипското село Криви дол, едно лице е загинат, а двајца се повредени. Во сообраќајната несреќа учествувале три возила. Како што дознаваме од истрагата возачот на Југото починал на самото место, а двајца повредени биле во возилата Сеат и Шевролет – Матиз . Според […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 13:05
•
Posted by: MK News
Млада девојка од Драчево од вчера се води за исчезната. Како што информираат од полицијата, на 22.01.2015 во 16:30 часот во полициската станица Драчево, Н.А.(47) поднел пријава за исчезнато лице. Станува збор за неговата 20-годишна ќерка, С.А. Таа на 21-ви месецов околу 15:30 часот, од дома се оддалечила во непознат правец. Се преземаат мерки за […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 09:20
•
Posted by: MK News
Две лица вработени во скопска Гинекологија се приведени по сомнение за примање поткуп од 20.000 денари. Според информациите револтиран граѓанин пријавил дека осомничените барале мито од 20.000 денари за да ја породат неговата сопруга со царски рез. Случајот бил пријавен во Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи, по што, нивни екипи веднаш излегле […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 17:19
•
Posted by: MK News
Попладнево се приведени лекар и уште еден вработен од Клиниката за гинекологија под сомневање за корупција. Од МВР велат дека според информациите од пријавата осомничените побарале поткуп за да породат бремена жена од Источна Македонија со царски рез, пишува Канал5. Според првичните сознанија на сопругот на трудницата му побарале 20.000 денари. Тој пријавил во министерството […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 17:17
•
Posted by: MK News
Гостиварецот Рефек К. (56) попладнево е пронајден мртов покрај канал за наводнување во близина на автопатот Тетово – Гостивар близу Пумчевиште. Според првичниот увид, на безживотното тело има две рани за кои се претпоставува дека се од огнено оружје. Во тек е увид од полицијата и јавниот обвинител по кој се најавуваат повеќе детали. Рефек […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2015 20:16
•
Posted by: MK News
Полициската станица Бит Пазар вчера доби пријава за исчезнато лице. Како што е навадено во полицискиот билтен, во 20:30 часот во Н.Ј.(1971) од Скопје, пријавил дека на 20.01.2015 година од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка. Станува збор за А.Ј.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2015 14:56
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 18 години во Неготино поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело Загрозување на сигурноста на неговите родители. -Имено, обвинетиот на 19 јануари се довел во состојба на раздразнетост и вознемиреност со користење на метадон, по што извадил нож со […]
______________________________________________________________________________________________________