Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Приведен гинеколог – барал поткуп за да породи жена со царски рез

Попладнево се приведени лекар и уште еден вработен од Клиниката за гинекологија под сомневање за корупција. Од МВР велат дека според информациите од пријавата осомничените побарале поткуп за да породат бремена жена од Источна Македонија со царски рез, пишува Канал5. Според првичните сознанија на сопругот на трудницата му побарале 20.000 денари. Тој пријавил во министерството […]

______________________________________________________________________________________________________

Застрелан маж пронајден покрај автопатот Тетово-Гостивар

Гостиварецот Рефек К. (56) попладнево е пронајден мртов покрај канал за наводнување во близина на автопатот Тетово – Гостивар близу Пумчевиште. Според првичниот увид, на безживотното тело има две рани за кои се претпоставува дека се од огнено оружје. Во тек е увид од полицијата и јавниот обвинител по кој се најавуваат повеќе детали. Рефек […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 16 годишна малолетничка од Скопје

Полициската станица Бит Пазар вчера доби пријава за исчезнато лице. Како што е навадено во полицискиот билтен, во 20:30 часот во Н.Ј.(1971) од Скопје, пријавил дека на 20.01.2015 година од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка. Станува збор за А.Ј.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

ДРАМА ВО НЕГОТИНО: Тинејџер им се заканувал на родителите дека ќе ги заколе со нож!

Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 18 години во Неготино поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело Загрозување на сигурноста на неговите родители. -Имено, обвинетиот на 19 јануари се довел во состојба на раздразнетост и вознемиреност со користење на метадон, по што извадил нож со […]

______________________________________________________________________________________________________

СООБРАЌАЈКА ВО АЕРОДРОМ: Загина едно лице, со автомобил удрило во знак

Сообраќајна несреќа во која маж го загуби животот се случила денес околу 11 часот во скопски Аеродром. Од полицијата за Курир велат дека на крстосницата од ул„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“, 58-годишниот Томе А. изгубил контрола над автомобилот „Цитроен“  по што удрил во сообраќаен знак. Екипите на итната медицинска помош кај Томе можеле само […]

______________________________________________________________________________________________________

Кумановчанката Валентина се бори за живот во болницата во Лесковац

Десетмина се повредени меѓу кои и Валентина Стефановска од Куманово , во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи во Грделичката клисура во близина на Предејане. Во автомобилот БМВ   на кумановчанката имало три деца , кои се полесно повредени , а Стефановска со тешки повреди на главата и скршен зглоб на десната рака  е префрлена […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Скопје: Залутан куршум заврши во детска соба

Во текот на вчерашниот ден околу 11:50 часот, на булеварот „Јане Сандански“  во скопски Аеродром во детската соба во станот на 61-годиниот Т.С. влетал залутан куршум. Од залутаното зрното куршум кое е од непознат калибар, оштетени се ролетната и прозорецот од детската соба во станот, информираат од МВР.

______________________________________________________________________________________________________

Штип: Со сабја сакал да си ја убие сопругата

Штипската полиција поднесе кривична пријава против Т.Ј.(33) поради основано сомневање дека се обоидел да си ја убие сопругата со сабја. Т.Ј. доби 30 ден притвор. Тој пред два дена во Штип по претходна расправија со сабја на сопругата и нанел тешки телесни повреди во пределот на главата и раката. Истата била пренесена во болницата во […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче избодено со нож од крадци во Кисела Вода

Момче на возраст од околу 25 години утринава било избодено со нож во зграда во скопската населба Кисела Вода, дознава Курир. Според првичните информации до кои дојде Курир, момчето во зградата во која живее пресретнало крадци. По кратката физичка пресметка, еден од крадците извадил нож и го прободел во стомакот, а момчето добило и удар […]

______________________________________________________________________________________________________

Маскирани лица ограбиле две жени во нивниот дом во Скопје – Давајте пари или ќе ве убијам

Вчера утрото околу два часот по полноќ во куќата на улицата „Палмиро Тољати” во Скопје, тројца маскирани лица со закана со пиштол украле 100 евра, лап топ, разновиден златен и сребрен накит и еден мобилен телефон. Куќата е во сопственост на М.М.В.(44), а во неа живеела и Ч.С.К.(66). Се преземаат мерки за целосно расчистување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Филмска бркотница во Велес – Полициско возило се преврте во канал ( ФОТО)

Вчера наутро околу 3 часот после полноќ, на ул. Индустриска покрај касарната во Велес се случи несекојдневна сообраќајна незгода, пишува БрзКруг. Според очевидци, возачот најверојатно во алкохолизирана состојба не ја испочитувал СТОП палката на сообраќајната патрола и се дал во бегство со уште неколку пријатели во автомобилот. Полициската патрола се пуштила во потера по автомобилот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Едно лице се бори за живот во тешката сообраќајка кај Штип

Едно лице се бори за живот, а 13 други се хоспитализирани во штипската болница по тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случи на влезот на населбата Три чешми кај Штип. Во директен судир меѓу минибус на „Струмица експрес“ и патничко возило од марката Опел Астра. Според првичните информации, двајца со потешки повреди се пренесени во […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка на влезот во Штип – 15 повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Штип- Велес, кај приградската населба три чешми. Несреќата се случила во директен судир помеѓу минибус и автомобил. 15 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа. Според првичните информации повредени се патници во минибус кој се судрил со друго возило во делот на патот меѓу двете бензиски на влезот […]

______________________________________________________________________________________________________

Бркотница низ Македонија: Полициска потера по возило полно со мигранти

Жител на село Радолишта, струшко во комби со албански регистарски таблички се обидел да прокримумчари 12 мигранти од Сирија, соопшти МВР. Триесет и шест годишниот Ќ.Р. вчера на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во населбата Карпош, додека полициски службеници вршеле редовна контрола на возила и возачи, околу 10 часот, движејќи се во правец од Крива Паланка кон […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Аеродром синоќа изгореа 2 автомобили

Три патнички возила биле опожарени ноќеска во 2:15 по полноќ на улицата Владимир Комаров во Скопје. Возилата се од марката „опел“ , во сопственост на 52-годишниот В.В. и „фиат“ во сопственост на фирма од Скопје, соопшти МВР. Пожарот е локализиран, а увид ќе се изврши во текот на денешниот ден.

______________________________________________________________________________________________________

Разбеснет маж во Охрид: Со возило помина низ оган, удри човек и се заканувал со нож

Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“. Настанот е случен утрово во 06:40 часот на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож […]

______________________________________________________________________________________________________

Починат човек кај Сити Мол

Пријава за починато лице кај трговскиот центар Сити Мол утринава во 10 часот добила полицијата.   Според информациите на повозрасен маж му се слошило на автобуската постојка кај трговскиот центар, по што починал. Полицијата по извршениот увид утврдила се станува збор на 87-годишниот Коста К. од Скопје чие тело по наредба на јавен обвинител е […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајна несреќа ноќеска во скопско Ченто

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера околу 22:00 часот во скопската населба Ченто. Судир помеѓу два автомобили кои имаа голема материјална штета. Засега нема информации за тоа како дошло до несреќата, ниту пак за посериозни повреди на инволвираните лица. Сообраќајот на главната улица во оваа населба  беше блокиран ,а на местото можеше да се забележи […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1