01/06/2013 21:43
•
Posted by: MK News
Кажете кој ви го дал видеото. Зашто ако мислите дека ќе криете и нема да кажете има и затоа лек, не се сеќирајте – ова е пораката која „фраерот“, кој ја прска бабичката со пиво ја испратил до Пресс 24, пренесува Република. Наместо да се извини и да покаже дека се кае за она што […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 21:05
•
Posted by: MK News
Игор Ивановски во пресрет на утрешниот 14 Редовен Конгрес се откажа од кандидатурата за претседател на опозициската СДСМ. „Тргнувајќи од моите принципи дека личните амбиции се додадена вредност само ако се темелат на искрени заложби за тимска и заедничка работа, загрижен за стравувањата на членството од нови поделби кои ќе го ослабат СДСМ, а водејќи […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 20:15
•
Posted by: MK News
Македонските имиња на неколку струшки села се покриени со спреј и до нив е испишано УЧК, пренесе Супер Радио. Имено, се работи за селата Вишни, Белица и уште три други села од струшкиот регион. Инаку, таблата на која осамна натписот УЧК се наоѓа близу Ќафасан. ФОТО: Супер Радио
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 18:30
•
Posted by: MK News
Вечер полноќна журка на врвот од скопската жичарница, забавата ќе почне од 22 часот, а ќе трае до 5 часот утрото. Настапува DJ елитата на македонската сцена: Бабура, Банчез, Марга Сол, Боби и Дела. За успешна журка, а и со цел повеќе од заинтересираните граѓани да учествуваат на забавата, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 12:45
•
Posted by: MK News
Градскиот трговски центар избра решение со кое објектот ќе добие барокна фасада, дознава Алфа од неофицијални извори. Идејниот проект е дело на Жарко Чаушевски- автор на неколку идејни решенија за објекти од Скопје 2014-та, пишува телевизијатa
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Македонските граѓани кои сакаат да аплицираат за швајцарски визи, наместо во Скопје како досега, од крајот на јуни тоа ќе мораат да го направат во Приштина, од каде веќе е покриена и Тирана. Конзуларниот оддел на Швајцарската амбасада во Македонија се затвора поради драстично намалениот обем на работа. Швајцарија е во Шенген-зоната и не се […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 10:30
•
Posted by: MK News
– Потрошувачите имаат право да знаат каква храна користат и затоа најмалку што може да се направи е сите прехранбени продукти во кои се вградени ГМО да носат соодветна ознака декларацијата – изјави Лилјана Поповска, претседател на ДОМ на конференција со која го означи почетокот на кампањата ГМО – генетски модифицирани организми. Според постоечкиот Закон […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 10:00
•
Posted by: MK News
На денешната прес конференција на која Владиката Петар откри зошто се самоуби Мерлин Монро ја преокупира јавноста во земјава. Но занесени од најновата беседа на Пелагонсикиот Владиката медиумите не стигнаа да забележат дека зад великодостојникот има цел бар алкохолни пијалоци. Во барот зад него има шишиња скап алкохол од виски, до шток, водки , коњак […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Само поевтините цигари ќе поскапат, додека скапите ќе си останат со иста цена, пишува Утрински весник. Директорот на Тутунскиот конбинат од Прилеп, Александар Дерменџиев за весникот вели дека со новите акцизи ќе се зголемат давачките само за поевтините брендови за кои и се очекувало наслоро да има промени во цената. За скапите цигари, како што […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Од јуни па се до ноември на плоштадот „Македонија“ и „Карпошово востание“ ќе се постави т.н „Туристичката стража“ , проект кој за прват се реализираше лани во организација на Бирото за туризам и информации на Град Скопј, во соработка со ДКЦ „Карпош“. Оттука, со идеја за повпечатлива и поверодостојна туристичка презентација на културно-историските споменици, осум […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Дисциплинската комисија на ФФМ го суспендира Ардит Шаќири, фудбалерот на Шкендија кој физички се пресмета со судиите во финалето на Купот на Македонија. Од него е побарана писмена изјава, исто како и од помошните судии на овој меч, по што ќе следи и конечната одлука околу казната на Шаќири. Ардит влезе во жестока расправија со […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Јас не сум тој што го лустрира Kомисијата за верификација на фактите, туку тоа е некој друг човек, кој носи исто име и презиме, изјави вчера Петар Kарајанов, поранешен функционер од времето на социјализмот. – Од документите се гледа дека не станува збор за мене бидејќи јас сум роден во 1936 година, а не во […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Од понеделник, Регулаторната Комисија за енергетика треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и бензините. Дали од вторник ќе возиме поскап или поевтин бензин, ќе се знае откако ќе се направат пресметките. Цената на барел сурова нафта денеска на лондонската берза се спушти за 63 центи, на 101,56 долари. На 20 мај, кога […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Одѕивот за огласот што го објави Владата за раководни функции е над очекувањата. Досега се пристигнати околу 640 апликации, а се очекува нивниот број да се зголеми до крајниот рок, изјави премиерот Никола Груевски. – Досега има околу 640 апликации, а се уште не е дојден крајниот рок. Вообичаено, во нашиот менталитет е во последниот ден […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 22:55
•
Posted by: MK News
Невоспитани деца со автомобил застануваат крај женичка која со бастимче си оди крај патот – ја прашуваат демек за патот, а жената прво сакајќи да им помогне им каѓува каде да возат – и нудат пиво а таа вика – не не фала ДА СТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ а овие ПРОСТИ И НЕВОСПИТАНИ ,,ДЕРИШТА,, ЈА […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 21:07
•
Posted by: MK News
Со свирчиња, транспаренти и извици „Слобода за Кежо“ стотина новинари денеска излегоа на протест пред Основниот суд Скопје 1, барајќи ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од весникот Нова Македонија. Истражниот судија завчера му одреди 30-дневен притвор, исто како и на останатите седуммина уапсени во полициската акција „Ликвидација“, во врска со убиството на […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 20:52
•
Posted by: MK News
Покрај основната функција на објектот, театарот сам по себе претставува и музеј со оглед дека преку темите на орнаментиката која ги краси ложите во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно наследство, а посетителите можат да се запознаат со историјата на театарот на овие простори. ФОТО: Нетпрес
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 17:44
•
Posted by: MK News
Речи си целата постава на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 1992 до 1995 година било прислушувано по наредба на тогашниот Министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски. Како што дознава Press24 од свои извори меѓу лустраторите, покрај партиското раководство, на мета на „големото уво“ биле и сите тогашни поддржувачи на партијата. Па така, се прислушувале […]
______________________________________________________________________________________________________