22/11/2012 12:02
•
Posted by: MK News
Двајца Албанци, членови на криминалната организација „Ндрагета“ (синдикат) биле уапсени вчера од италијанската полиција во Калабрија. Обвинети се дека работеле како платени убијци за оваа мафијашка организација – пишува тиранскиот весник Шикули.
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2012 10:00
•
Posted by: MK News
Македонска компанија лее гигантски јарбол на кој ќе биде поставено најголемото македонското знаме на граничниот премин Деве Баир, пишува весникот Вест.
______________________________________________________________________________________________________
22/11/2012 09:00
•
Posted by: MK News
Централната купола, на зградата на Собранието полека го добива финалниот лик. Куполата е со дијаметар 32 метри и височина 10 метри.
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2012 18:30
•
Posted by: MK News
По осум години првпат во овогодинашниот извештај на Народниот правобранител на прво место се поплаките на граѓаните за потрошувачките права, посочи во интервјуто за МИА народниот правобранител Иџет Мемети.
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2012 17:00
•
Posted by: MK News
Претседателот на Србија Томислав Николиќ го отповика од должност српскиот амбасадор во Македонија Томислав Ѓурин.
______________________________________________________________________________________________________
21/11/2012 13:30
•
Posted by: MK News
Младата Персида која довчера живееше како бездомник во импровизирана куќичка со 4 ѕида, сама и исплашена – со помош на добрите луѓе доби повторно шанса за нормален живот. Порталот Интервјуа.ком направи интервју со оваа храбра девојка која сама се бори низ животот. ви го пренесуваме во целост.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 15:30
•
Posted by: MK News
Утрешниот ден посветен на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ ќе се одработи во сабота, на 24 ноември, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 11:00
•
Posted by: MK News
Објавен е оглас за склучување договор за консултантски услуги за изработка на физибилити студија за оправданост на “Договор за воспоставување на јавно-приватно партенерство за реконструкција, управување и одржување“ на спортско-рекреативниот центар “Езеро Треска“ и базенот “Сарај“ пишува Нет прес.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 10:15
•
Posted by: MK News
Мекиците од Стража, по се изгледа ќе дојдат поблиску до Скопјани. Компанијата која стои зад овој легендарен бренд отвора објект на улица Македонија, пишува пресс 24. според овој оглас кој денеска се појави во дневните весници се бараат касиерки за објектот во Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 09:30
•
Posted by: MK News
Македонките не се многу заинтересирани за позорникарска работа во полицијата иако по втор пат во историјата на МВР на нејзино чело е жена.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 09:15
•
Posted by: MK News
Јавното сообраќајно претпријатие распиша тендер за проект за доградба на Милениумскиот крст на Водно. Ова е обид да заживее комерцијалниот дел од објектот.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 09:00
•
Posted by: MK News
Евроамбасадорот Аиво Орав денеска изјави дека немал намера да навреди никого со минатонеделниот говор во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кога го употреби терминот „славомакедонци“ при именувањето на македонскиот народ, јави Миа.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 00:00
•
Posted by: MK News
Охридската полиција синоќа откри организирана група што се занимавала со проституција, а во рамки на акцијата биле пронајдени и запленети и три килограми марихуана.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 00:00
•
Posted by: MK News
Царинските службеници од граничниот премин Табановце-автопат спречија обид за нелегално изнесување на 318.000 евра од Македонија, информира Царинската управа.
______________________________________________________________________________________________________
20/11/2012 00:00
•
Posted by: MK News
Поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил, писателот и поранешен директор на НУБ „Кимент Охридски“ Паскал Гилевски, Драги Билески, поранешен судија од Кичево и Никола Темелковски, кој извршувал јавна функција-директор на Јавно претпријатие во Битола, биле соработници на тајните служби, објави денеска Комисијата за верифиикација на фактите на својата веб страница www.kvf.org.mk .
______________________________________________________________________________________________________
19/11/2012 22:12
•
Posted by: MK News
Во скопското село Радуша, се постави споменик на еден од основачите на ОВК, Адем Јашари од Косово.
______________________________________________________________________________________________________
19/11/2012 21:11
•
Posted by: MK News
За време на попладневниот шпиц во скопје на различни локации се случиле 3 сообраќајки во време од 15 минути. Учествувале 9 автомобили, причинета материјална штета, нема повредени. Сообраќајките се случиле во периодот помеѓу 16.45 и 17 часот.
______________________________________________________________________________________________________
19/11/2012 14:30
•
Posted by: MK News
Швајцарската полиција уапси македонски државјанин баран со меѓународна потерница за педофилија.
______________________________________________________________________________________________________