Archive | Македонија RSS feed for this section

ФОТО: Гори студентскиот дом „Гоце Делчев”

Гори студентскиот дом „Гоце Делчев” во Скопје. Според фотографиите и информациите на Пресс24, гори соба на погорните спратови, а засега не се знае како избувнал пожарот. Пожарникарите се на терен и се справуваат со пламените јазици. Повеќе информации подоцна.

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните велат НЕ на нови згради и паркинзи во Карпош 4 – се потпишува петиција

Жителите од скопската населба Карпош 4 продолжуваат со акцијата за спротивставување на идејата за измена на Деталниот урбанистички план од страна на Општина Карпош, со која е предвидено на местото на сегашното зеленило и паркови да бидат изградени нови станбени згради и паркинзи. Според објавените соопштенија на граѓаните преку социјални мрежи, со измените во ДУП-от […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешко повреден пожарникар кој гасел пожар во Радовиш

Целосно е изгорен вториот кат и кровната конструкција на куќа во Радовиш во пожар што избувна на улицата „Партизанска“. При гаснењето на пожарот тешко е повреден и еден пожарникар, кој има скршеници на ногата, по што е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип, а поради сериозноста на повредите е испратен на Клиниките во Скопје. Командирот на ТППЕ- […]

______________________________________________________________________________________________________

Мигрантот им подлегна на повредите, на низа други им е пружена помош

Лицето повредено во железничката несреќа која утринава се случи на пругата Табановце-Куманово при транспорт во Ургентниот центар Скопје им подлегна на повредите. Во однос на мерките преземени од страна на Министерството за здравство, изминатиов период, од 10.08 до 16.08 .2015 извршена е дезинфекција на : 7600 м2 вагони и површина на жел.станица Куманово/Табановце, потоа 9800 […]

______________________________________________________________________________________________________

Наполнете си го резервоарот – Затворената сметка на Макпетрол ќе создаде нафтена криза во Македонија

Блокираната сметка на Макпетрол се заканува да предизвика сериозна енергетска криза во државата. Училишта, болници, аеродроми, енергетски капацитети ќе останат без неопходните енергенси, доколку ваквата состојба потрае. Во моментов на бензиските станици на Макпетрол, кои сочинуваат 60 отсто од пазарот во земјава, има залихи на нафтени деривати доволни само за наредните пет дена, јави Телма. […]

______________________________________________________________________________________________________

Војниците се жалат: Немаме струја, храна и возиме неисправни возила

Во очи на одбележувањето на 23 роденден на АРМ, војниците се жалат на проблемите со кои секојдневно се соочуваат поради намалениот буџет за армијата. Од Врховниот командант, Владата, Собранието и МО бараат решение на нивните проблеми поврзани со храбата, месечни примања, застарениот возен парк и исплатата на дневници за дежурства пишуваат дел од медиумите. Независниот синдикат на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Ароганција во прилепската болница – Му ја тресна вратата на пациентот пред лице

-Ќе умрам, море, ќе умрам – се жалеше еден од пациентите на интензивна во Прилепската болница, а болничарката арогантно му ја затвори вратата пред лице. Погледнете го видеото што го објави, Фронт.мк.

______________________________________________________________________________________________________

И седиштето на СДСМ во Центар ќе мора да премине во „барок“

Откако се изградија новата „барокна“ зграда на партијата ВМРО-ДПМНЕ и плоштадот „ВМРО“, походот за целосна промена на изгледот на центарот на Скопје продолжува со менување на надворешниот изглед на други зданија што гравитираат во просторот околу овие објекти. Градот Скопје распиша оглас за изработка на основен проект за реконструкција на фасада на постоечката зграда на […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска дожд, грмежи, силен ветер и заладување

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70км/час. Попладне се очекува постепено стабилизирање на времето. Највисока температура од 34 степени се очекува во јужните делови кај Гевгелија […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Торнадо над Охридско езеро

Охридскиот регион денес го зафати силно невреме. Во градот имаше обилни врнежи од дожд во комбинација со грмежи и силен ветер. Видеото е снимено во близина на Трпејца поточно кај Свети Заум каде што може да се види како облаците се формираат во вид на торнадо над Охридското Езеро, пишува порталот Охриѓани. ВИДЕО: Охриѓани.ком

______________________________________________________________________________________________________

Еве што ќе се гради во Карпош 4 – Протест против новиот урбанистички план на граѓаните

Група граѓани протестираа против најавата за новиот урбанистички план на карпош 4. Со дупот се предвидуваат големи локации на кои има паркови и продавници, да бидат пренаменети за изградба на паркинзи и станбени згради со деловни простории, на што тие се противат. Жителите на овој дел од градот најавуваат дека ќе организираат куќни совети на […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за несреќата: Машина за нижење тутун го привлекла громот што удри во брачен пар

Страшна несреќа се случи денес откако гром удри во брачен пар во месноста Долно Садово во атарот на селото Беровци. Прилепчанецот Гоце Трајкоски (1960) го загуби животот од громот кој го погодил, јави „10без10“. Во кобниот момент Трајкоски бил на нива, каде што со сопругата, која е повредена, нижеле тутун. – Најверојатно машината за нижење […]

______________________________________________________________________________________________________

Четири автобуски станици денес нема да се користат

Во недела на 16 август нема да се користат неколку автобуски стојалишта поради изведување на градежни работи од страна на Градежниот институт Македонија АД Скопје, соопшти Град Скопје. Станува збор за следниве автобуски стојалишта: пред ТЦ „Сити мол“ во правец од Центар кон Ѓорче Петров во период од 08 до 09.30 часот, кај Градска болница во правец […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во прилепско: Гром удри во брачен пар

Страшна несреќа се случи денес откако гром удри во брачен пар во прилепско. Според првичните информации околу 16 часот додека мажот и жената береле тутун на нива во селото Ново Лагово, во нив удрил гром. Мажот починал на лице место, а жената е итно пренесена во прилепската болница.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Дете мигрант повредено од струен удар во Гевгелија

Дванаесет годишно момче од Авганистан вчера попладне било повредено на железничката станица во Гевгелија. Од полицијата денес информираа дека на место каде има празни вагони во резерва, момчето било повредено од струен удар. Истото најверојатно се качило на еден од товарните вагони. Од страна на Црвен Крст лицето веднаш е однесено во ЈЗУ Општа Болница –Гевгелија […]

______________________________________________________________________________________________________

Што се крие зад изморените лица на мигрантите кои транзитираат низ Македонија?

Младата Безма веќе никогаш нема да ги види своите соученички. Бегајќи од војната во својот роден град Кобане, во Сирија, нејзиното семејство преживеало вистинска голгота додека да стигне до Македонија. Но тоа не ги скришло. На железничката станица во Табановце, Безма полна со оптимизам пред камерата на Сител вели дека бегаат за подобра иднина на […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Пропаднал во затворена лента на автопатот Велес-Скопје (фото)

Автомобил вчера пропадна во дупка на автопатот Велес-Скопје. Возачот на возилото фолксваген сакал да ја помине колоната, движејќи се по затворената лента од автопатот. Но неговиот обид да стигне побрзо се претворил во трагедија. Несреќата се случила пред два часа пред мостот после Велешката патарина. Нема информација за евентуално повредени патници во пропаднатото возило.

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Живеел 15 години во Скопје – го оставила жената и 18 години како живее во шума на дрво!

„Љубовта е ропство по сопствена волја“. Овој цитат на португалскиот поет Луиш де Камоиш најдобро го опишува животот на Милије Стојаовиќ (74) од село Дрешнице недалеку од српско Блаце, кој е разочаран поради несреќната љубов пред 18 години ја напуштил цивилизацијата и се преселил во шума. Таму и денес живее во скромна куќа на дрво. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1