20/05/2015 06:08
•
Posted by: MK News
Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид (Пресека-Врбјане) ќе биде во прекин од 16 до 17 часот. Прекинот е поради изведување градежни работи, односно минирање.
______________________________________________________________________________________________________
20/05/2015 03:06
•
Posted by: MK News
Голема сообраќајка се случи предмалку во Ново Лисиче. Автомобил полн со млади лица се забил во паркирана цистерна. Според првичните информации 3/4 млади момчиња се повредени, но биле свесни и се извлечени од возилото. На местото пристигнала и брза помош, која ги префрлила повредените во болница. Очевидци со апарати за гаснење пожар го прскале автомобилот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 22:19
•
Posted by: MK News
Даниел Кајмакоски настапи осми по ред во првата полуфинална вечер на Евровизија 2015. Македонскиот пејач ја отпеа „Autumn Leaves“. На големата сцена во Виена нему му се придружија и членовите од групата MERJ. Свечената манифестација во австриската метропола ја отвори Кончита Вурст со изведба на минатогодишната победничка песна „Rise Like a Phoenix“.
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 22:08
•
Posted by: MK News
Даниел Кајмакоски блесна во полн сјај на евровизиската сцена во Виена. Звуците на „Autumn leaves“ одекнуваа во преполната сала Штадхале каде има и голем број негови фанови кои пристигнаа денес. Даниел Кајмакоски блесна во полн сјај на евровизиската сцена во Виена. Звуците на „Autumn leaves“ одекнуваа во преполната сала Штадхале каде има и голем број […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 20:02
•
Posted by: MK News
Подрачјето на Демир Хисар е најпогодено од невремето со интензивен пороен дожд, засилен ветер, чести грмежи и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците од радарските центри, позначителна нестабилна облачна маса се уште навлегува од југ, од подрачјето на Битола и Преспа при што е зафатено поголемо подрачје од југозападниот дел од земјава.
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 19:17
•
Posted by: MK News
Уапсените од Косово во полициската акција во Куманово, денеска во истражниот затвор во Шутка биле посетени од нивните најблиски. За да го остварат ова право, тие требале да чекаат со часови поради долгите бирократски процедури, јавува телевизијата АлсатМ. „Денеска пак дојдовме, но ни рекоа не може, дојдете во петок. Ни дозволија само да оставиме пет килограми […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 16:54
•
Posted by: MK News
Неколку десетина години стари дрвја спроти трговскиот центар Сити мол во населбата Карпош 4, утрово беа исечени, пишува Лидер Повеќе фотографии на – Лидер.мк
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 15:29
•
Posted by: MK News
Има притворени кои се малтретирани и измачувани при полициската акција во Куманово, информираше вчера народниот правобранител Иџет Мемети. Тој обелодени дека во акцијата, меѓу приведените од групата терористи имало и полицаец кого колегите при носење во затвор го малтретирале, пренесува Либертас. – Од нашето постапување вчера, по собирање докази и информации, имавме доволни сознанија дека на еден […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 15:14
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ понеделник е неработен ден. На 24-ти мај 2015 година (недела) е „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, а 25 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 12:31
•
Posted by: MK News
Вечерва стартува 60. евровизиско издание. Нашиот претставник Даниел Кајмакоски ќе настапи осми и со темата “Autmun leaves” ќе се обиде да обезбеди пласман во толку посакуваното евровизиско финале. Овогодишната 60. церемонија „Песна на Евровизија“ отворена е со свечено дефиле на делегациите на земјите учеснички и прием во Градското собрание на Виена. Сите делегации продефилираа – Дефилето на […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 12:13
•
Posted by: MK News
Макпетрол АД Скопје е една од многу ретките компании во земјава која секоја година ги објавува платите на своите менаџери, а единствена што ги објавува платите на целиот Управен и Надзорен одбор. Во последниот извештај на компанијата за Работењето на Управниот одбор стои дека првиот човек на компанијата, Андреја Јосифовски мината година заедно со трошоците за […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 11:01
•
Posted by: MK News
Тетовци се сексале во училишен двор среде ден додека минувачите ги гледале, пишува Убавина и здравје. „Момчето беше зад девојката, а панталоните му беа спуштени околу глуждовите. Кога девојката виде дека многу луѓе ги гледаат, стана, а тој се обидуваше да ги облече пантолоните“, изјави еден од сведоците за порталот Убавинаиздравје.мк.
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 09:50
•
Posted by: MK News
Српскиот весник „Правда“ известувајќи за протестите на СДСМ пренесува дека на истите се скандираше „УЧК-УЧК“ и се носеа карти на Голема Албанија среде Скопје. -Ако им се верува на шпекулациите кои кружат во кулоарите на политичкиот естаблишмент во Скопје, а кои не е можно да се потврдат, не е исклучено кога ќе дојде до нови […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 09:46
•
Posted by: MK News
Цела недела по судирот со терористичката група во Куманово, Јавното обвинителство на Република Македонија објави дека во Диво Насеље загинале 10 припадници на вооружената група осомничена за тероризам, а не 14 како што првично во саботата објави МВР. Интересно е и тоа што МВР првично велеше дека најмалку 30 терористи се предале. Подоцна испадна дека […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 09:31
•
Posted by: MK News
Ова видео снимено со дрон најдобро ќе ви покаже колку луѓе беа присутни на собирот за „СИЛНА МАКЕДОНИЈА“.
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 09:20
•
Posted by: MK News
И повторно како и сите претходни пати во игра е весела математика за тоа колку луѓе имаше на митингот на ВМРО ДПМНЕ вчера пред Собранието. Проопозиционите и провладините медиуми си имаат свои математики. Едните нормално го потценуваат со бројки од 20, 30 000 а другите го величат како најмасовен митинг во историјата на Македонија. Дури […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 09:13
•
Posted by: MK News
Нашите реакции досега беа молчење, но доста беше, Македонија е време да одговори, порача во понеделник вечер премиерот Никола Груевски, во обраќањето на народниот собир што се одржа пред републичкото Собрание. Тој додаде дека државата во последните три и пол месеци е под жесток напад, но дека е дојдено времето да се одговори на тој […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2015 09:06
•
Posted by: MK News
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ набави персонални транспортери – електротротинети, кои ќе се изнајмуваат по цена од 100 денари за час. Новите возила се уште не се промовирани во јавноста. Дополнувањето на ценовникот на услугите на претпријатието со изнајмувањето на новите возила ќе биде усвоено на следната седница на Советот на Град Скопје. Неодамна „Градски паркинг“ […]
______________________________________________________________________________________________________