06/01/2016 09:14
•
Posted by: MK News
Скопјанец спаси велешанка која сакала да се фрли во реката Вардар. Настанот се случил вчера кога повеќето велешани оделе на пазар, бидејќи вторник е пазарен ден, но никој освен храбриот скопјанец, не притрчал во помош. Околу 9:30 часот непознат маж притрчал кон Трпковски, кој работи како обезбедување на Автобуската станица во Велес и му кажал дека жена […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2016 19:10
•
Posted by: MK News
Банална причина стои зад убиството на 19 годишниот Леарт Адеми. Полицијата го приведе осомнчениот за убиството, врсник на Адеми на возраст од 19 години кој заработи и мерка притвор. Околу 19 часот во неделата Леарт со неговиот другар движејки се по улицата Ресенска се разминувале со сега осомничениот извршител на убиството. Во критичниот момент осомничениот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2016 21:49
•
Posted by: MK News
Две лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа која пред околу еден час се случила кај Штип, дознава Курир. Според првичните информации, несреќата се случила на излезот од Штип на патот кон Радовиш. Автомобилот во кој биле двајцата мажи од засега неутврдени причини излетал од патот и завршил во водите на Брегалница. Двете лица починале […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2016 21:46
•
Posted by: MK News
Верижен судир во кој учествувале 14 возила се случи попладнево околу 18:45 часот на автопатот Градско-Велес. Според првичните информации нема повредени лица, а причинета е само материјална штета. Сообраќајот на овој дел е во прекин за сите видови возила и истиот се пренасочува по спореден пат само за патничките возила, информираат од АМСМ. Полицијата е на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2016 20:56
•
Posted by: MK News
44 годишен скопјанец ќе одговара за сторено кривично дело Убиство (во обид). Осомничениот во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок било и едно од трите деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, осомничениот беше лишен […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2016 20:53
•
Posted by: MK News
Дваесет и пет годишната С.М. од Скопје вчера била киднапирана од врсник. Како што денес информираат од полицијата, нејзината сестра пријавила околу 15:20 часот дека додека биле заедно ги пресретнал М.Ф. (25) од Скопје кој бил со автомобил. Скопјанецот заканувајќи се со нож ја грабнал девојката околу и заминал во непознат правец. Полиијата презема мерки […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2016 18:01
•
Posted by: MK News
Деветнаесет годишниот Леард А. вчера бил донесен починат во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Тој бил прободен со нож во пределот на срцето. Во болницата на раце го донел неговиот другар кој исто така имал повреди од остар предмет, пишува Пресс24. Докторите не можеле да сторат многу. Се обиделе да го реанимираат, но Леард веќе бил починат. Леард […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2016 09:43
•
Posted by: MK News
Дежурен лекар во детското одделение на Клиничката болница во Тетово, вчера пријави дека бил физички нападнат од непознат маж кој заедно со уште две непознати женски лица и со едно малолетно дете кои влегле во ординацијата за да му се укаже лекарска помош за детето. Лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко одделение и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2016 09:13
•
Posted by: MK News
Снегот кој падна во Скопје направи проблеми. Три автобуси се судрија во близина на Народната Банка. Во верижниот судир на мостот кај НБРМ најверојатно нема повредени, а засега не се знае колкава е штетата.
______________________________________________________________________________________________________
02/01/2016 13:51
•
Posted by: MK News
Во СВР Тетово во петокот се пријавени дава случаи во кои една малолетна девојка е физички нападната, а во другиот е пријавено исчезнување на друга малолетна девојка. Во петокот вечерта, околу 20.30 часот на улицата „Никола Тесла“ во Тетово. 16-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и оделе пеш по улицата биле следени од […]
______________________________________________________________________________________________________
02/01/2016 13:20
•
Posted by: MK News
Вчера околу 10,00 часот во Охрид, во хотел „Гранит“ во хотелска соба пронајден е починат 65- годишниот Владо Д. од Охрид. Од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидина екипа од СВР-Охрид, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2016 19:16
•
Posted by: MK News
Собраќајот на булеварот Климент Охридски на првиот ден од Новата години речиси два часа беше во прекин, по сообраќајната незгода која се случи денеска околу 15 часот во близина на автобуската станица. Според очевидци кој ги испратија фотографиите возило марка BMW со странски регистарски таблици излетало од патот и удрило во бандерите со улично осветлување, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2016 11:54
•
Posted by: MK News
Дваесетгодишно момче го загуби животот во новогодишната ноќ во Охрид, објави локалниот портал ohrid1.com. Дел од медиумите веќе објавија дека машко тело во лежечка положба во новогодишната ноќ забележале полициските службеници на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Телото е видено околу 02 часот и 30 минути во близина на кафе барот „Табана“, по што со […]
______________________________________________________________________________________________________
01/01/2016 11:07
•
Posted by: MK News
Велосипедист го загуби животот во сообраќајна незгода што се случи вчера во 17 часот на улицата Радојца Новичиќ во Охрид, објави Плусинфо. Иако веднаш бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ од здобиените тешки телесни повреди починал Здравко Н. (62) од Охрид. Сообраќајната незгода се случила кога возило „WV пасат“ со охридски регистарски ознаки кое се […]
______________________________________________________________________________________________________
31/12/2015 12:56
•
Posted by: MK News
Педесет и осумгодишниот Ј.В. од скопската населба Кисела Вода пријавил дека исчезнала неговата малолетна ќерка. Татко на полициските иследници им кажал дека таа вчера околу 7.30 часот излегла од семејниот дом и не се вратила. По девојчето е започната потрага.
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2015 09:02
•
Posted by: MK News
Утрово во 7 и 15 часот на автопатот Петровец – Скопје, веднаш после одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје , дошло до сообраќајна незгода. Комбе на Македонската Царина се превртело на патот. Во моментот на несреќата комбето превезувало и било полно со цариници. Според првичните информации од МВР во несреќата се повредени 3 цариници […]
______________________________________________________________________________________________________
30/12/2015 08:30
•
Posted by: MK News
Голема сообраќајка се случила рано утринава на автопатот од Петровец кон Скопје. Комбе со ознаки на македонската Царина се превртело на кров. Превртеното возило на среде автопат предизвика застој во сообраќајот. Сообраќајката се случила на истото место каде што загина новинарот Никола Младенов. Нема информација што ја предизвикало несреќата и дали има повредени.
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2015 20:23
•
Posted by: MK News
Кумановката А.И. (22) синоќа си го одзeла животот со бесење во куќата на нејзиното семејство на улицата „11 Ноември“ во Куманово. Случајот го потврдија и од МВР од каде што информираа дека увид извршила увидна екипа на СВР Куманово. Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Телото на девојката е предадено на семејството за погреб.
______________________________________________________________________________________________________