29/12/2015 20:21
•
Posted by: MK News
Утрово околу 6 часот на потегот на железничката линија село Согле- село Теово, велешко, се случи железничка несреќа при што воз удри во карпа Според информацијата од Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, првично пријавено е дека повредени нема, а има само материјална штета на возот и пругата. Железничкиот сообраќај беше во прекин четири часа […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2015 20:06
•
Posted by: MK News
Финансиската полиција во соработка со Основното јавно обвинителство од Скопје, открија уште еден голем случај на финансиски криминал каде главен протагонист повторно е градежна фирма од Скопје. Македонија е оштетена за сума од над 700.000 евра по основ неоснован поврат на ДДВ и други неплатени даноци. Поради постоење на основано сомневање дека започнувајќи од 2010 […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2015 18:47
•
Posted by: MK News
Две годишно дете го загуби животот во кочанското село Оризари вчера попладне. Надлежните и локалните жители час и половина трагале по неговото тело под урнатините. Несреќата се случила кога во куќата сопственост на А.Т. и С.Т. се скршил гредоредот од руинираниот дел од куќата (врз кој имало земја) и паднал над нивниот двегодишен син, потрупувајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2015 11:36
•
Posted by: MK News
И дал кров над глава за да се грижи за мајка му, а таа ја тепала и малтретирала болната и неподвижна старица. Пролетта синот се договорил со 64 годишна жена од Скопје без надомест да живее со мајка му на првиот кат од семејната куќа, бидејќи немала дом, а и давал и пари да си […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2015 14:14
•
Posted by: MK News
Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против 64-годишната Ј.М. од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, соопштуваат од МВР. Имено, во март годинава, Б.В., син на оштетената, со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената истата да се […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2015 18:40
•
Posted by: MK News
Кумановската полиција ги уапсила браќата Б.С. и С.Б. двајцата од селото Герман, општина Ранковце, кои веќе се осомничени за противправно лишување од слобода и за силување. Полицијата тврди дека од 9 до 21 овој месец, противправно држеле 25-годишна жителка на селото Нерав во нивната семејна куќа. Притоа и ја ограничиле слободата на движење, со закани вршеле полови […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2015 14:28
•
Posted by: MK News
Вчера во 12 часот и 10 минути во Скопје на улицата „ Московска“ се случила сообраќајна незгода. Возило „Поло“, управувано од В.А. удрило во 77-годишниот пешак Е.Б. кој со возило на Брзата помош е пренесен во Ургентниот Центар во Скопје. На прегазената старица и се констатирани тешки повреди и се бори за живот.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2015 14:06
•
Posted by: MK News
Вчеравечер во 22.15 часот во полициската станица во Кичево, било пријавено дека на ул. „4-ти Јули“, од тераса паднало петнаесетгодишно девојче, при што се здобила со повреди во пределот на главата и телото. Истата е пренесена во кичевскиот медицински центар од каде поради сериозноста на повредите е префрлена во Ургентниот центар во Скопје. Се преземаат мерки за целосно […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2015 20:30
•
Posted by: MK News
Утринава околу 9 часот пронајден е машки труп на штипската тврдина „Исар“. Телото го пронашол случаен минувач и веднаш повикал брза помош. Лекар од итната помош ја информирал полицијата дека станува збор за безживотно тело, лоцирано кај стариот резервоар за вода. Полицијата успеала да го идентификува мртвиот маж. Се работи за Марјанче Богданов од Штип, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2015 13:37
•
Posted by: MK News
44-годишната К.Ч. од Прилеп поради постоење сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ си заработи кривична пријава. Вработена како медицинска сестра во ЈЗУ општа болница „Борка Талевски“ во Прилеп во текот на 2014 и 2015 година противправно присвоила вкупно 400 ампули „диазепам“ кои и биле доверени во службата. Станува збор за спрецифичен вид на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2015 13:30
•
Posted by: MK News
Тинејџерка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која денес околу 8 часот се случила во Гостивар. СВР Тетово информира дека несреќата се случила на булеварот „Браќа Ѓиновски“ патничко возило-комбе „Форд транзит“ со гостиварски регистерски таблици, управуван од 26-годишниот Б.Х. од Градец удрил во 19 годишната М.М.(19) од Дебреше. Девојката се здобила со тешки повреди, скршеница […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2015 17:17
•
Posted by: MK News
Деветнаесетгодишен кавадарчанец со нож бил прободен во левата нога, а 17-годишен малолетник од Демир Капија бил удрен во пределот на лицето, синоќа околу 18 часот на регионалниот пат Градско-Велес, откако се обиделе да измамат пет мигранти кои ги превезувале, велејќи им дека кај фабриката „ХИФ” е границата. – Деветнаесетгодишен жител на Кавадарци и 17-годишен малолетник од […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2015 17:14
•
Posted by: MK News
Десет годишно девојче од Скопје е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 17 часот се случила улицата „Адолф Цибороски“. Aвтомобил „Голф“ удрило во девојчето, кое со возило на Брза Помош било пренесено во ГОБ Св.„Наум Охридски“. Лекарите констатирале дека таа има тешка повреда, скршеница на лево рамо. Полицијата работи на рачистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2015 14:41
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајка се случи утрово кај Универзитетот ФОН, на крстосницата меѓу улиците „Перо Наков“ и „Киро Глигоров“. Автомобил „опел астра“ управуван од Д.М. (30) излетал од патот и прво удрил во три метални столбчиња, за на крај да се забие во метално рекламно пано, кое од силината на ударот се превиткало и паднало врз возилото. […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2015 14:25
•
Posted by: MK News
Тело на женско лице вчера околу пладне било пронајдено во водите на реката Вардар во близина на Скејт паркот во Скопје. Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот и по увидот утврдено било дека се работи за 79 годишната Драгиња Д. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на […]
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2015 13:18
•
Posted by: MK News
Вчера околу 12,30 часот во ПС Штип од Клиничката Болница било пријавено дека кај нив е донесено затруено женско лице. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и било утврдено дека истиот ден околу 12,20 часот, на Интерно женско одделение била донесена 46 годишна штипјанка која се обидела да се самоубие, пиејќи одредена количина на солна киселина. […]
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2015 13:13
•
Posted by: MK News
Дваесет и седумгодишениот гостиварец Б.И изутрина околу шест часот на автопатот Скопје – Тетово кај Добарскиот надвозник изгубил контрола над автомобилот БМВ 318 и излетал од патот. Во несреќата со тешка телесна повреда скршеница на рбетот се здобила сопатничката У.И.(57), а со полесни возачот Б.И., сопатникот Д.И.(27) и пет годишно дете. Како што информира денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2015 14:00
•
Posted by: MK News
На 18.12.2015 година во 16,00 часот во ПС-Штип, И.Ч. (20) пријавил дека на 14.12.2015 година неговата 15 годишна сестра, излегла од дома за да оди на училиште и до моментот на пријавувањето не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________