Archive | Македонија RSS feed for this section

Над 3.300 лица грипосани, 1 починат, 1 на интензивна – во февруари допрва ќе се шири

Во Македонија е зголемен бројот на заболени од грип, бидејќи оваа сезона се евидентирани вкупно 3.328 лица, а само последната недела од 13 до 19 јануари годинава грипосани се 1.385 лица.  Досега во земјава регистриран е еден смртен случај. Починатата пациентка е на 67-годишна возраст и имала хронични болести, како опструктивна белодробна болест, кардиомиопатија, дијабетес, […]

______________________________________________________________________________________________________

Признал и си ја договорил казната – прва пресуда без судење во Македонија

Разбојник се спогоди да го признае делото што го сторил и без судење да му се досудат три години затвор. Ова е првата казна во земјава по воведувањето на измените на Законот за кривична постапка, со кои јавните обвинителите ја презедоа должноста на досегашните истражни судии. Од Kривичниот суд во Скопје соопштија дека е донесена […]

______________________________________________________________________________________________________

Земјата во Центар, продадена за евро квадрат имала газди – референтот од Катастар ќе го казнат

Агенцијата за катастар на недвижности ќе покрене дисциплинска постапка  против сите инволвирани  при издавањето податок во кој е наведено дека парцелата спроти НБРМ е во целосна сопственост на Република Македонија, најави денеска директорот Славче Трпевски. – Референтот кој го работел овој предмет направил превид и го консултирал само катастарскиот план, но не и имотниот лист. Кога […]

______________________________________________________________________________________________________

Отворени двете кујни, отказ за шефицата во ОУ„Kочо Рацин“

По тридневен застој, двете кујни во основните училишта „Kочо Рацин“ и „Свети Kирил и Методиј“ од денеска се повторно отворени за исхрана на над 400 ученици , откако контролните брисови покажаа дека нема бактерии. Инспекторите за храна по контролите утврдиле дека во кујните на двете основни училишта е извршено чистење и дезинфицирање на површините. Алармот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ивица Коневски-најуспешен градоначалник во Скопје за 2013

Градоначалникот на скопската населба Аеродром, Ивица Коневски е избран за најуспешен градоначалник во Скопје за 2013 година. На второто место, според анкетата што ја спроведе „Скопјеинфо“, се наоѓа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а на третото место е Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода. По изборот, градоначалникот Коневски најави дека ќе продолжи со реализацијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Дожд денес – ладно и снег за викендот

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, a попладне со врнежи од дожд.  Поинтензивни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од седум до 13 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, […]

______________________________________________________________________________________________________

Се појавија змии среде зима во битолско

Змија долга метар и половина се појавила деновиве во Пелагониската низина, на територијата на општина Новаци, јави битолската телевизија Тера. Да беше лето, оваа вест за змиите во битолско ќе беше сосема нормална. Но, среде зима да се појават змии, за кои знаеме дека топлите и жешките денови се идеални за нив, е тоа е […]

______________________________________________________________________________________________________

Есма била против Универзална да се вика Тоше Проески

Есма Реџепова била единствената на вчерашната седнциа на Советот на Град Скопје које галсала против иницијативата, Универзалната сала да го носи името на Тоше Проевски, јавува Утриски весник. Таа вели дека не е спорен ликот и делото на Тоше, но по него, веќе има крстено многу улици, фонтани и мостови, но во државата има и […]

______________________________________________________________________________________________________

Кујните во 2 училишта во Центар исчистени – нема повеќе бактерии

Нема бактерии во кујните на скопските основни училишта „Кочо Рацин” и „Св. Кирил и Методиј”, покажуваат резултатите од земените брисеви во повторниот контролен преглед. Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), одговорните лица ги презеле сите потребни активности во рамки на интерните контроли за надминување  на пропустите констатирани од Центарот за јавно здравје. Инспекторите за храна по спроведените контроли констатирале дека во […]

______________________________________________________________________________________________________

Поништен тендерот за плацот во центарот на Скопје продаден за 1 евро квадрат

Mинистерството за транспорт и врски го поништи тендерот на кој за 71 денар за метар квадратен беше продадено земјиште спроти НБРМ, кај „Џамбо Веро“ во Скопје. Од Министерството велат дека тендерот е поништен бидејќи во меѓувреме, три лица се пријавиле дека поседуваат дел од земјиштето, пренесе Телма.

______________________________________________________________________________________________________

Пајак службата направи парче во Скопје – дигнати 89 возила само вчера

Со специјалното возило „пајак“ сообраќајната полиција отстрани 89 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот. Во рамките на превентивните активности денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира сообраќајна поука, која ќе се одржи во Полициската станица од општа надлежност „Гази Баба“ со почеток во 19 часот. На поуката […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец ја тужи комшиката и бара оштета – му го шутнала и убила кучето

Скопјанецот Русе Максимовски бара казна за скопјанката која на почетокот на месецот го убила неговото куче од расата чивава, што го чувал како член на семејството 17 години. Тој вели дека на 4 јануари, додека го шетал кучето во населбата Влае, спроти училиштето „Димо Хаџи Димов“, неговата сосетка го клоцнала животното многу силно во градите, […]

______________________________________________________________________________________________________

HAARP над Македонија – Како се чуствувавте овие денови, спиевте ли навечер?

Во последните неколку дена, луѓето се во лошо расположение и се жалат на здравјето. Тие велат дека за тоа е виновен јужниот бран. Докази постојат, но треба да се поверува во нив. HAARP епицентарот е формиран над Балканот (црвено на левата страна од сликата). Добро внимавајте на времето следниве денови. Чудно некое “југо” следи, луѓето […]

______________________________________________________________________________________________________

Имам сто години и уште многу ми се живее – вели дедо Драган од Градско

Не ми е досадено од живеење, иако имам 100 години, животот ми е мил и не ми се умира, вели Драган Делов од Градско, кој е роден на 2 септември 1914 година за време на балканските војни, во кои го изгубил и татка си. Татко му не успеал ни да го види својот син, загинал […]

______________________________________________________________________________________________________

Ешерихија Коли и други бактерии најдени во кујни во 2 училишта во центар – затворени се

При контроли што ги изврши Општина Центар пронајдени се бактерии во две училишни кујни, а градоначалникот Андреј Жерновски побара директорите итно да ги затворат двата објекта , соопшти вчера локалната власт. – Во „Kочо Рацин“ има наод од ешерихија коли на машината за сечење леб, а во „Св. Kирил и Методиј“ има наод од цитробактер […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Вака би изгледала новата банкнота од 200 денари

Конкурсот за идејно решение за изгледот на новите банкнотите од 200 и 2.000 денари заврши на крајот од минатата година. Во конкуренција од 52, наградени беа шестмина учесници, но Советот на Народната банка на Македонија се уште не донесе одлука за тоа како ќе изгледаат банкнотите што во иднина треба да бидат пуштени во оптек. […]

______________________________________________________________________________________________________

Градот одлучи – Универзална сала ќе се вика Тоше Проески

Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата на градоначалникот Kоце Трајановски, за преименување на „Универзалната сала – Скопје“ според трагично загинатата музичка легенда, Тоше Проески. Иницијативата, која значи отпочнување постапка за промена на името, е усвоена едногласно, со гласови од сите советнички групи. Трајановски својата одлука ја образложил со фактот дека Проески досега е нашата […]

______________________________________________________________________________________________________

Ванчо Каргов не е повеќе директор на Царина

Ванчо Каргов не е повеќе директор на Царинската управа. Тој е назначен за претседател на новоформираниот Инспекциски совет. Каргов самиот поднел докменти на огласот, односно промената на работното место доаѓа по негово барање. Како што јави Алфа, на негово место директор на царина е назначена Наташа Радевска Крстевска, која досега работеше како шеф на второстепената […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1