23/01/2014 09:05
•
Posted by: MK News
На рочиште од судењето на Арменд Фазлиу, шеф на кабинетот на директорот на Македонски пошти, обвинет за пожарот во главната поштенска зграда во јануари минатата година, тврдел дека е невин. -Не бев во зградата кога се случи пожарот, она што е наведено во обвинението не е вистина, изјавил Арменд Фазлиу од чија канцеларија, според обвинението […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Во четврток во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северните, североисточните и северозападните предели. Во останатите предели, и во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2014 18:14
•
Posted by: MK News
Тресет годишна жена се породи на паркинг во Скопје. Утринава околу 10 часот на паркингот во близина на маркетот Bricolage спроти Кванташки пазар родила живо женско дете, дознава zdravstvo24.mk од сведок на несекојдневниот настан. Веднаш била повикана Брза помош. Екипата стигнала навреме за да ја пресечат папочната врвца и да им укажат помош на родилката […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2014 11:15
•
Posted by: MK News
Предвидено годинава да бидат отворени нови зони за зонско паркирање – 1.261 место. Нови населби што ќе влезат во зонското паркирање, според инвестициската програма, се Автокоманда, Ново Лисиче, Kарпош 1, Kарпош 2, Kарпош 3, Kарпош 4, Kисела Вода, Водно, Влае и Ѓорче Петров. Ние планираме да воведеме зонско паркирање во поширокото подрачје на Скопје, во целиот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Владата со измени во законот за данок на добивка, со 10 проценти ќе ги оданочува позајмиците меѓу домашните компании, а данок од 10 отсто се предвидува и за исплатените дивиденди. Да се оданочува заем ако тој не се врати во текот на тековната година не е реформа, ниту значи поголема фискална дисциплина, туку е казна […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Само една фотографија од весникот „Нова Македонија“, објавена пред триесетина години, може да го открие и да го потврди идентитетот на струмичанка, која е глувонема и не знае да каже која е и од каде е, пишува Нова Македонија. ЕНИГМА Ана од Василево, Струмичко, е жена без идентитет. Таа си го бара идентитетот и сака […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Десеттемина најистакнати поединци во Македонија во 2013 година, според изборот на редакцијата на „Нова Македонија“, денеска ја примија наградата „Личност на годината“, која најстариот весник во државата ја востанови во 2012 година. Лауреати на второто доделување на признанието се: бизнисмените Кочо Анѓушев и Искра Ветаџокоска-Муцунска, научникот Александар Димитров, пратеникот Павле Трајанов, писателката Лидија Димковска, владиката Пимен, кошаркарот […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Ново зголемување на минималната плата. Од сегашните 8.050 минималецот ќе се зголеми на 10.080 денари. Покачувањето ќе започне од март годинава. Тогаш минималната плата ќе се зголеми на 8.800 денари, во март догодина таа ќе изнесува 9.590, а во март 2016 ќе стигне до 10.080 денари. Ова го најави премиерот Грувески вообраќање пред претставниците на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека денес без вода ќе останат жителите на населба Лисиче. Поради вметнување нов затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улица “12. Ударна бригада” бр. 79, од 09.30 часот без водоснабдување ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 19:51
•
Posted by: MK News
Улични музички легенди… Талентирани момци кои на ваков начин со улицата како сцена мораат да си го вадат лебот. Еден од нив до неодамна беше и Боби, или Слободан Симоновски – Цобе, кој можевме да го забележиме на влезот во Градскиот трговски центар каде што настапуваше заедно со Ванчо Арсов. Велам настапуваше затоа што Боби веќе […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 18:04
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство предложи концепт за озаконување на сурогат-мајчинството, односно државјанка на Македонија да може да биде само „инкубатор“ на ембрион од донатори, без никакво родителско право по раѓањето на детето. На денешната прва јавна дебата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје за тоа дали воопшто треба да се воведе овој концепт […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 12:30
•
Posted by: MK News
Младиот пијанист Крсте Бадаровски средно музичко училиште завршува во Скопје, во класата на проф. Људмила Романова и Самира Мемедова – Мустафовска. Потоа, како еден од најдобрите студенти во својата генерација, заминува во Прага, Чешка, каде ги продолжува студиите на Прашкиот конзерваториум за музика, во класата на еминентните чешки пијанисти и професори Максијан Франтишек и Ева […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Новите измени на Kривичниот законик, кои штотуку влегоа во собраниска процедура, предвидуваат нов начин на одредување казна. Судовите ќе одредуваат казна според правилник кој ќе биде донесен од Врховниот суд, а ќе може да одредуваат казна поблага од минималната законска казна ако обвинетиот се спогоди со јавниот обвинител и ја признае вината или ако ја […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Не работеле камерите од видеонадзорот поради што нема снимен материјал за инцидентот што се случи пред четири дена кога директорот на битолската подружница на „Македонска пошта“ Евдал Акифи-Рочи беше посочен дека ги искршил рампите и ги оштетил терминалите на градскиот паркинг со зонско паркирање пред поштата во Битола. Од фирмата-концесионер „Градски паркинзи“ велат дека дивеењето […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Кристоф Најдовски чии родители имаат македонско потекло е кандидат за градоначалник на Париз, каде што ја предводи листата на партијата на Зелените, пренесува МИА. Најдовски е единствен политичар во Франција што се кандидира за толку висока функција, а можеби и во Западна Европа, кој е со потекло од Македонија – Можеби јас сум првиот политичар, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 09:30
•
Posted by: MK News
И оваа година фановите на Тоше во соработка со Црвениот Крст на Македонија и поддршка од Фондацијата Тоше Проески ја организираат крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“ во чест на неговиот 33 роденден. Оваа традиционална акција на ниво на град Скопје се одржува по 8 пат. Местото и времето на настанот се Дом […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
По три недели пауза, утре, околу 280 илјади ученици ќе им се вратат на школските клупи. За ова полугодие е интересен фактот што споредено со ланските години, предвидено е екстерното тестирање на 20 илјади матуранти да се одржи на 22 и 24 јануари. Матурантите ќе бидат тестирани во два предмета. Од денес низ сите средни […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Метеоролозите за утре најавуваат слаб дожд во утринските часови. Во понеделник во утринските часови врнежите од дожд ќе престануваат. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 […]
______________________________________________________________________________________________________