22/01/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Никола Груевски и неговите наследници по завршување на премиерскиот мандат, 24 часа ќе ги обезбедуваат 6 телохранители од МВР.
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Во рамки на 52. седница Собранието на Република Македонија попладнево го разреши Воислав Зафировски од Државната комисија за спречување на корупцијата, по иницијатива на комисијата. Во иницијативата се наведува дека Зафировски, во периодот кога бил претседател на Антикорупциска, ги пречекорил границите на служебното овластување со што се создале услови за негова лична одговорност.
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2013 19:00
•
Posted by: MK News
Германскиот голман, Силвио Хајнветер, демантира, дека ги нарекол македонските ракометари „банда на свињи“, велејќи дека тиражниот Билд, на својата интернет страница, во потрага по сензационализам, ги извлекол од контекст неговите зборови.
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2013 18:30
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на продолжението на 52. седница го именува Марко Зврлевски за јавен обвинител на Република Македонија. За предлогот гласаа 58 пратеници, воздржани и против немаше.
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2013 15:26
•
Posted by: MK News
-Свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјава, после немилите настани кои се случија на 24 декември, заради создавање амбиент за успешни Еу и НАТО интеграции ја прифаќам вашата покана, стои во соопштението на лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски.
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2013 15:08
•
Posted by: MK News
Тројца нови пациенти со вирус на грип од типот А (Х1Н1) се хоспитализирани за време на викендот на Клиниката за инфективни болести. Пациентите се во добра општа состојба. Позитивни се два случаи со А (Х1Н1), од доставени мостри од болницата во Куманово, од кои едниот пациент се лекувал амбулантски, а вториот бил задржан на болничко […]
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Нов Закон за заштита на децата усвои Владата на последната седница, за чие креирање се соработувало со УНИЦЕФ. Меѓу новините е тоа што се овозможува домашно правно и физичко лице да основа агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст.
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Опозицискиот „Сојуз за иднината“ ги продолжува протестите – денес истовремено ќе блокираат три прометни улици во Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
21/01/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Формиран е истражен тим за нова истрага за смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, изјави советникот на министерот за сообраќај и комуникации на БиХ Омер Кулиќ.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 21:00
•
Posted by: MK News
Во велешкиот суд, е донесена првата пресуда заради убивање на животно. 78-годишен велешанец е осуден на условна казна затвор од една година и три месеци, откако малтретирал и убил бездомна мачка.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 20:30
•
Posted by: MK News
Американски Тв канал Фокс Њуз објави репортажа за Вевчани и карневалот. Мало македонско село кое си е своја држава, си има свои пари, Устав и пасош, вака ја започнува репортажата Фокс Њуз.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 20:00
•
Posted by: MK News
Нов Гинисов рекорд – Охрид се запиша во книгата на рекорди со приготвените 3,3 тона рибна чорба.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 19:00
•
Posted by: MK News
Петар Рупески од Варош беше најсреќен, тој го фати бурето со вино.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 18:19
•
Posted by: MK News
МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ НИКОЛА ПОПОСКИ ПРВПАТ ЗА ВОДИЦИ СЕ ИСКАПИ ВО ОХРИД
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 17:56
•
Posted by: MK News
Македонската ракометна репрезентација одигра далеку под своите можности и ги заврши настапите на Мундијалот во Шпанија.
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 15:03
•
Posted by: MK News
Катерина Веловска, заменик министерка за економија поднела оставка, пренесува Дневник
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Во светот на џез музиката „Скопје“ е препознатлив не само по Скопскиот џез фестивал кој што со своето долгогодишно опстојување од нашиот главен град и држава направи битна дестинација за овој вид на музиката, туку и по тоа што неколку светски џез музичари овој поим го имаат искористено како дел од името на нивната група […]
______________________________________________________________________________________________________
20/01/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Корисниците од селата Паничари, Раовиќ, Чајлане, Арнакија, Семениште, Ласкарци и Буковиќ во општина Сарај од 09 до 13 часот ќе бидат без струја, информира РЦУК – Скопје.
______________________________________________________________________________________________________