19/01/2013 23:36
•
Posted by: MK News
Околу 22 часот и 50 минути, земјотрес со јачина од 4.2 по Рихтеровата скала ја погоди југозападна Македонија. Епицентарот е на 15 километри од Битола со длабочина од 10 километри. Освен во Битола, почуствуван е и во Ресен, Кичево, Прилеп и Охрид. Magnitude M 4.2 Region FYR OF MACEDONIA Date time 2013-01-19 21:49:19.0 UTC Location […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 22:58
•
Posted by: MK News
Мерцедес и Поло со скопски регистарски таблички се возилата кои денес се судриле на раскрсницата помеѓу „Партизански одреди“ и „Октомвриска револуција“ во Скопје, јавува порталот Република.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 22:34
•
Posted by: MK News
Македонската ракометна експедиција некаде околу 19.30ч со воз пристигна во Барселона и на железничката станица нашата селекција и селекцијата на Исланд беа пречекани лично од првиот човек на Интернационалната ракометна Федерација Хасан Мустафа, јавува Сител.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 18:47
•
Posted by: MK News
Работодавачот мора, ако работите на празник да ви даде 150 % повисока дневница. Доколку не го стори тоа сега има нови построги казни – објави Министерството за труд и социјала
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 14:48
•
Posted by: MK News
По петти пат оваа година крстот во водите на Охридското езеро во фати 35-годишниот Јован Бабачев од Варош.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 14:39
•
Posted by: MK News
Дејан Арсовски од Драчево е човекот кој денеска го фати крстот од осветените води на Вардар.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Mакедонската фалнга и во Севиља потврди дека од срце навиваат за Македонија. Битолската експедиција која со автомобил мина 3700 километри за да ја бодри националната репрезентација нема намера да сопре.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Два бели грчки липицанера вредни околу 18.000 евра ќе го влечат пајтонот на плоштад „Македонија“. Фирмата „Технометал“ веќе ги пазарила коњите и се очекува за десетина дена тие да стасаат во Скопје. Од ЈП „Паркови и зеленило“, кое го реализира проектот за кочијата, информираат дека коњите се набавени од приватна одгледувачница за коњи од Солун, […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Ректоратот на универзитет Кирил и Методиј се поднови со автомобил за 64 000 евра. Барем во следните пет години, Ректорот но и четирите Про- ректори и Генералниот секретар ќе се возат во нов Мерцедес од Е-класата, пренесува Алфа телевизија.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 10:15
•
Posted by: MK News
На семафорите кај „Мајчин Дом“, на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“, утре и задутре од 8:30 часот екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе вршат машински и градежни работи.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Во Собранието никој не беше тепан, а собраниското обезбедување реагираше според деловникот и законите. Вака премиерот Никола Груевски ги коментираше случувањата во Собранието кои се случија кон крајот на декември, во емисијата на Миленко Неделковски во која премиерот гостуваше вчера.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Охридските нуркачи го расчистија дното на езерото на потегот каде ќе се фрла Светиот крст со цел спречување на евентуални повреди на капачите, а екипи на „Охридски комуналец“ го светнаа градот за очекуваните гости од внатрешноста и од странство.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Ние за идентитетот не преговараме, ние сме Македонци, вели премиерот Никола Груевски во вечерашнава емисија на Миленко Неделковски на Канал 5.
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2013 09:00
•
Posted by: MK News
„И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“ – (Матеј 3, 16-17)
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2013 22:13
•
Posted by: MK News
Македонската ракометна репрезентација со пораз од Данска со резултат 33:30 го заврши настапот во групата Б од Светското првенство кое се одржува во Шпанија.
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2013 18:03
•
Posted by: MK News
Првиот човек на општина Аеродром, Ивица Коневски е избран за најуспешен градоначалник за изминатата 2012 година според анкетата што ја спроведе порталот „Скопјеинфо“.
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2013 15:34
•
Posted by: MK News
Денеска од Кабинетот на генералниот директор на “Македонска пошта” информираат дека во пожарот кој ја зафати зградата изгореле вкупно 3247 евра.
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2013 14:30
•
Posted by: MK News
Од дополнителните лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје, уште кај девет пациенти кои беа сомнителни на грип докажано е присуство на вирусот.
______________________________________________________________________________________________________