Archive | Свет RSS feed for this section

Ова се најбогатите дами на светот

Во светот моментално постојат 2,325 милијардери, а само нешто повеќе од 12 одсто се жени, покажуваат податоците на „Wealth-X“. Тие заедно имаат 930 милијарди долари богатство, ги има 286, а само 17 одсто од парите ги стекнале сами, т.е со свој бизнис. Просечно имаат 61 година, а преку 65 отсто од нив, богатството го стекнале […]

______________________________________________________________________________________________________

На поранешна мис на Турција ќе и се суди поради навреди на Ердоган

На поранешната мис на Турција Мерве Бујуксарач ќе и се суди поради тоа што наводно објавила песна на Инстаграм, во која се навредува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Таа вчера за тоа сведочеше во обвинителството во Истанбул и наведе дека не и била намера да го навреди Ердоган, пренесува весникот „Заман“. Поранешната мис имено споделила […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: 10 дена, 22 милиони прегледи – еве зошто не се удира девојка

Ова кратко видео во себе крие огромна и сериозна порака упатена кон сите луѓе на светот. Зошто не се удира девојка? Одговор на едно од момчињата: „Затоа што сум маж!“ Ова е едно од најмоќните видеа, кое кај вас ќе остави огромен впечаток. За само 10 дена, видеото на Јутјуб има над 22 милиони прегледи.

______________________________________________________________________________________________________

БЕСПЛАТЕН FACEBOOK: Цукерберг го освојува светот

Најголемата во светот социјална мрежа Facebook промовира план да со кој сака да им обезбеди на повеќе луѓе во земјите во развој пристап до интернет. Главниот извршен директор на компанијата, Марк Цукерберг и колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос го објавија почетокот на проектот App Internet.org во јужноамериканската земја. Клиентите на мобилниот оператор Tigo ќе можат […]

______________________________________________________________________________________________________

Користите Скајп? После ова ќе се запрашате двапати!

Ако сте активен корисник на Скајп, ова би можело да ве натера да размислите „Unfriended“ е филм со нова димензија на хорор. Дејството на акцијата се одвива на екраните на компјутерите откако на интернет осамнала видеоснимка на девојка која малку претерала со забавата. Откако поради снимката ја малтретираат, таа одлучува да изврши самоубиство, а дури […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Мачката херој која спаси бебе од сигурна смрт

Вчера во медиумите се пишуваше за мачка која во Русија спаси бебенце од сигурна смрт, откако тоа било напуштено и оставено на улица. Денеска запознајте ја Маша, мачката која ја доби титулата херој. Таа го нашла бебенцето кое било оставено во торба, легнала врз торбата и со својата топлина го спасила бебенцето. Погледнете го видеото.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Таткото си го пронашол киднапираниот син по 24 години

Сун Бин (28) имал 4 години кога бил киднапиран од пазарот каде што неговиот татко имал тезга, во кинескиот град Ченгду во провинцијата Сечуан. Киднаперите го продале на брачна двојка која немала деца за цена од 259 фунти. Ова момче 24 години живееле во градот Сјужу 10.000 километри далку од својот роден град , пишува […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Саудиска Арабија ќе гради “Берлински ѕид” за да се заштити од ИСИС

Саудискиот крал Абдулах бин Абдулазиз ал Сауд планира да крене “Берлински ѕид” кон Ирак, каде што џихадистите на ИСИС минатата година два пати ги нападнале неговите војници. Ограда од жица и ровови, со стражарски кули, долга околу 1.000 километри, би требало да го заштити кралството богато со нафта. Оградата од жица и ровови, со стражарски кули, […]

______________________________________________________________________________________________________

Во странство најмногу се бараат програмери и медицински сестри

Најбарани професии во странство во 2014 година биле програмер, медицинска сестра, кувар, негователи и хотелски персонал, покажуваат регионалните огласници за вработување. Речиси три четвртини од огласите за работа во странство објавени минатата година на балканските сајтови за вработување, се однесувале на земјите на Европската унија со 71 отсто, а најмногу за Германија. Надвор од ЕУ, […]

______________________________________________________________________________________________________

Стопирал – му застанал претседателот лично!

Личноста која на Хералд Акоста му понудила превоз со својот автомобил, му рекла дека може да го пренесе само до претседателската палата, а младиот автостопер наскоро сфатил и зошто! Зад воланот бил лично уругвајскиот претседател Хосе Мухика. Тоа е барем она што Акоста им го раскажал на новинарите од дневниот весник Ел Обсерваторе, наведувајќи дека Мухика […]

______________________________________________________________________________________________________

Фејсбук ќе помага во потрагата за исчезнатите деца

Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во САД наскоро ќе добиваат известувања за исчезнатите деца во нивното соседство, на нивниот профил. Известувањата ќе вклучуваат фотографија од исчезнатото дете и други релевантни информации, вели Емили Вејчер, менаџер на Фејсбук за безбедност и поранешен агент на ФБИ. Вејчер вели дека овие известувања, познати во САД како Amber Alerts, […]

______________________________________________________________________________________________________

Трогателно: На балон му испратила порака на починатиот татко и добила одговор

За роденденот на својот починат татко, 16-годишната Ешли Марачино му напишала писмо на балон кој го пуштила слободно да лебди. Немала поим каде ќе појде балонот. Само еден ден после тоа, Лиса Свисли, сопственичка на ресторан, налетала на балонот и ја прочитала неговата трогателна порака. „Дојдов во својот ресторан кога една муштерија ми го даде […]

______________________________________________________________________________________________________

ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА ВО НАЈАВА: Европскиот парламент повика на вооружување на Украина

Европскиот парламент на денешната седница донесе Резолуција со која ги повикува членките на ЕУ да ја вооружуваат Украина. – Советот на Европа на 16. јули 2014. година го укина ембаргото на извоз на оружје во Украина, така што нема повеќе препреки или законски ограничувања за земјите членки од ЕУ да доставуваат одбранбено оружје во Украина. […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА: Со „калашников” држи заложници во пошта во Париз

Вооружен маж денеска зема неколку заложници во пошта во Коломб, во близина на Париз, соопшти локалната полиција. Засега случајот не се поврзува со минатонеделните исламистички напади во францускиот главен град. Заложничката криза започна околу 12 часот. Маж со огнено оружје се затворил во поштенска филијала во Коломб, соопшти анонимен полициски извор, без да објави колку […]

______________________________________________________________________________________________________

Додека мајката била на фризер, децата и изгореле живи во пожар!

Американката, 21-годишната Кјарија Џонсон, е обвинета за двојно убиство од небрежност, бидејќи нејзините деца на 3, односно 4-годишна возраст, кои ги оставила сами дома и заминала на фризер, изгореле живи во пожар Полицијата од градот Бастроп во Луизијана официјално соопштила дека Џонсон ги оставила 4-годишната ќерка Таша и 3-годишниот син Клифтон сами во куќата, и […]

______________________________________________________________________________________________________

Планирале да киднапираат полицаец и да му ја отсечат главата – откриени и убиени на време

Во акцијата беа убиени две лица и уапсен беше еден осомничен. Планирале да извршат “голем терористички напад“. Откако белгиските специјалци им се приближиле на осомничените на железничката станица во Вервие, дошло до размена на оган во кои двајца од осомничените се убиени, а третиот е тешко ранет во пределот на стомакот, изјавија белгиските власти за медиумите. […]

______________________________________________________________________________________________________

Погледнете како се отвара и затвара земјата за време на силен земјотрес (Видео)

Аматерска видео снимка која ја забележал еден турист кога во март 2011. година почнал земјотресот во Јапонија, покажува колкава сила има мајката природа. Повеќе од 18.000 луѓе загинаа кога пред четири години катастрофален земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтер, а потоа и цунами ја разруши североисточна Јапонија. Земјотресот траел шест минути, и имал […]

______________________________________________________________________________________________________

Мистерија околу смртта на младата тенисерка Виолета Дегтјарева

Тажната вест за смртта на младата тенисерка Виолета Дегтјарева е главна вест во Русија и една од ударните низ светот. Првично се појави информација дека оваа убавица починала за време на тренинг, но стигна демант од директорот на спортскиот центар „Олимпијски“ Антониј Колосков во кој тренирала Дегтјарева.   – Интернетот е полн со информации дека […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1