Летаа микрофони, пцовки, закани – Собранискиот циркус вчера (ВИДЕО)
______________________________________________________________________________________________________

МВР ќе воведе дозволи за оружје за сигналните пиштоли „плашливци“, за воздушното оружје со енергија на зрното над 7,5 џули и за оружјето со тетива со сила на натегнување над 45 килограми, кои сега се во слободна продажба, а купувачите мора да ги пријават во полиција за што добиваат потврда.
______________________________________________________________________________________________________
Вашингтон, 16 декември 2012 (МИА) – Претседателот на САД Барак Обама одлучил да го номинира сенаторот од државата Масачусетс Џон Кери за државен секретар на САД, соопштија телевизиите Си-Ен-Ен и Еј-Би-Си њуз, цитирајќи неименувани извори.
______________________________________________________________________________________________________
Дел од Скопје без струја денес. Жителите на Ѓорче Петров од улиците „Рафаел Батино“, „Кичевска“, „15 Ноември“ и „Веле Марков“ од 9 до 12 часот ќе останат без струја.
______________________________________________________________________________________________________
По информација дека во црквата има бомба, евакуирана е црква во која се одржувала богослужба посветена на жртвите од нападот. Во неа вечерва требало да пристигне претседателот на САД Барак Обама.
______________________________________________________________________________________________________
______________________________________________________________________________________________________
Оваа фотографија на вознемирена жена која телефонира додека стои пред училиштето во Конетикат каде беа убиени 27 лица меѓу кои и 18 деца го обиколи светот и стана симбол на ужасот на оваа трагедија.
______________________________________________________________________________________________________
Ракометарките на Црна Гора славеа во драматичното финале над Норвешка со 34-31 по дури четири продолженија и ја освоија европската титула.
______________________________________________________________________________________________________
Едно лице загина а 7 се повредени во експлозија во складиште за пиротехнички средства на Холандското острово Курсао.
______________________________________________________________________________________________________
Младиот претседател на Северна Кореја Ким Џонг Ун (29) лично наредил лансирање на ракетата Unha-3, која го однесе метереолошкиот сателит во орбитата, а потоа на мира си запали цигарче.
______________________________________________________________________________________________________
Анкетата спроведена во Албанија, од страна на фондацијата „Култ“ со седиште во Тетово, покажала дека дури 64 отсто од албанските граѓани се за обединување со Косово, додека 25 отсто се против.
______________________________________________________________________________________________________
Распоредувањето ракети „Патриот“ на границата на Турција со Сирија може да доведе до светска војна, што ќе ја загрози и Европа, изјави началникот на Генералштабот на иранската армија генерал Мохамед Хасан Фирузабади, објави турскиот портал „Ворлд Булитин“.
______________________________________________________________________________________________________
СВР-Скопје поднесе кривични пријави против бугарските државјанки К.В.Ј. (32) и С.Е.Г. (22), поради основано сомнение дека на 13 овој месец во бутикот „Принципе“ во Градскиот трговски центар во Скопје извршиле три џебни кражби при што се стекнале со противправна имотна корист од 20.200. денари.
______________________________________________________________________________________________________
Соборениот претседател на Египет Хосни Мубарак паднал во затворската болница и си ја повредил главата, соопшти весникот „ Ал Ахрам“, цитиран од ДПА.
______________________________________________________________________________________________________
Чешките лекари од прашката болница „Подоли“ за прв пат во земјата успеале да направат операција на фетус додека се наѓал во телото на мајката, јави дописникот на МИА од чешката метропола.
______________________________________________________________________________________________________
Осумнаесетгодишниот гимназијалец Семи Чавес, од американската сојузна држава Оклахома, е уапсен под обвинение дека планирал да фрли бомби и да застрела соученици во фискултурната сала на гимназијата во Бартелсвил, истиот ден кога беа убиени 26 лица, од кои повеќето деца, во основното училиште во Њутаун, во државата Конектикат, пренесоа американските медиуми.
______________________________________________________________________________________________________
Сакаме да ја информираме јавноста дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница донесе одлука да му предложи на ЦК да се утврдат имињата на десет кандидати на градоначалници од редовите ВМРО-ДПМНЕ.
______________________________________________________________________________________________________
Уште еден инцидент во Собранието. Според видеото група паратеници повторно се спротиставиле на претседателката на комисијата Благородна Дулиќ.