Archive | Бизарни вести RSS feed for this section

Видео: Со кола влетала во зграда и си го прегазила поранешниот маж!

Бренда Вајт е обвинета дека се обидела да иврши убистви врз поранешниот маж откако со кола влетала во деловен објект во Салт Лејк Сити со намера да го прегази.

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Лажно се удавил за да избега од жената

  Рејмонд Рот (47) официјално се удави на 28-ми јули, пред очите на неговиот син, дури и сеопфатната мисија на еден куп спасувачи не успеа да го најде неговото тело.

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Поставиле камера да ги фатат крадците – снимиле дух како плаче над нивната кола

Се запрепастиле кога на снимките виделе чуден облик на светлечка сенка и изгледа како да го гушка автомобилот Волво и да липа над него.

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Исповед на човекот на кого „човекојадец“ му го изеде лицето!

„Ми го парчоса лицето, ми ги уништи очите, во основа тоа е се што има да се каже“, за прв пат проговори бездомникот на кого канибал му изеде речиси половина од лицето. „Ништо лошо не му реков“, смирено додава 65 годишникот кој закрепнува во болница во Мајами.

______________________________________________________________________________________________________

Наркоман заразен со хепатит Ц им ги одгризал ушите на две момчиња – Фото

Зомби филмовите преточени во реалност, две момчиња минатата недела побарале лекарска помош – биле жртви на канибалистички напад од наркоман заразен со хепатит Ц!

______________________________________________________________________________________________________

Хотелиер ќе одговара поради дискриминација, одбил да и изнајми соба на проститутка

Хотелската индустрија во Австралија сериозно ја разнишала одлуката на судот кој истакнал дека била извршена дискриминација врз една проститутка, бидејќи сопственик на мотел одбил да и изнајми соба во која таа би ги давала своите услуги.

______________________________________________________________________________________________________

Скандал поради водич за секс – каде смеете со малолетни, каде не смеете воопшто

,,има многу држави на оваа планета каде што можете слободно да имате секс со девојчиња од 12 или 13 години зошто се сметаат за возрасни,, пишува во водичот за секс.

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Сами во куќата: Мајката заборавила на децата поради секс со комшијата

Деца на возраст од 3 и 4 години и десет месечната Кристал, биле оставени четири часа сами во својата куќа, додека нивната мајка имала секс со комшијата.

______________________________________________________________________________________________________

Руска подземна секта држела деца затворени во темни ќелии 10 години

Руска подземна секта која буквално живеела под земја со цел да го прекине секој можен контакт со светот, криела 27 деца во темнина, во подземните ќелии, речиси повеќе од една декада, изјави јавниот обвинител.

______________________________________________________________________________________________________

Патниците шокирани: На пресечено авионско крило пишувало, „Ние знаеме за ова“

Патникот го фатила паника кога го здогледал натписот на крилото, кое што изгледало како оштетено, а на истото била напишано „Ние знаеме за ова“.

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Градот на светлината лежи врз царството на мртвите!

Во подземјето на Париз се наоѓаат катакомби и тунели кои кријат мрачни тајни за историјата на Градот на светлината.

______________________________________________________________________________________________________

Фудбалер на Вест Хем ќе паузира поради расипани заби!

Фудбалерот Рејвел Морисон ги напушти подготовките во Германија, бидејќи ќе му вадат 7 заба.

______________________________________________________________________________________________________

Видео: „Крокодил“, „Луда мачка“ и „Волшебен змеј“ – дроги убијци

Опасните дроги што ги тресат Америка и Европа го загозуваат и Балканот. Крокодил“, „Луда мачка“ и „Волшебен змеј“ се нови синтетички дроги што експресно го уништуваат организмот.

______________________________________________________________________________________________________

Си го видела бебето на оглас на сајт за продавање – сликите земени од Фејсбук

Една мајка од Ванкувер пребарувала низ интернет страниците со огласи, кога меѓу нив го видела лицето на своето бебе.

______________________________________________________________________________________________________

Жртви на измама поверувале дека ќе врнат пари од небо?!

Тројца измамници убедувале луѓе дека можат да предизвикаат неверојатна појава – феномен-да врнат пари од небо, а за да го наговорат „Господ бог да им помогне„ во замена барале 10 илјади долари.

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Бивша платила да го убијат, останал навреден поради договорениот износ!

Иако за малку во во 2010 година ќе завршеше два метри под земја, Ѓорѓ Каскона од Канзас Сити, не бил исплашен и изненаден поради тоа што неговата бивша сопруга платила да го убијат и сакала да го види мртов но силно го погодил податокот кога разбрал дека неговата глава била „испод цена“!

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Возач на „Ферари“ му го прегазил стапалото на полицаец кој сакал да го казни

Сопственик на „Ферари“ вредно 257 илјади долари, добил казна од полицаец поради непрописно паркирање по што се налутил и наместо да почека да ја земе казната, возачот влегол во автомобилот и тргнал при што му го прегазил стапалото на полицаецот.

______________________________________________________________________________________________________

Ќе го запалел станот во обид да си ги исуши гаќите во микробранова

Британските пожарникари успеале да го спасат станот од потполно уништување откако неговиот сопственик се обидел да си ги исуши гаќите и чорапите во микробранова.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1