Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Фото: Сообраќајка на Илинденска

Два автомобили се удриле на семафорите во блиина на градскиот парк на ,,Илинденска,, двата автомобили се оштетени – нема информација дали има повредени.

______________________________________________________________________________________________________

Видео/Фото: Двојно убиство и самоубиството во Кисела Вода – се вериле ден пред да ја убие

околу 19 часот во својот дом на улицата Георги Димитров во Скојпе е убиена Виолета Н. За убиството е осомничен нејзиниот 35 годишен вереник. Неговиот автомобил бил оставен на паркингот на наведената улица. Кога полицијата го пронашла возилото марка Опел Астра, во него имало убиено уште едно засега непознато женско лице. Според последнтие информации убиената […]

______________________________________________________________________________________________________

Автомобил излетал од магистралата Гостивар-Кичево, три лица тешко повредени

Дваесет годишен возач и двајца сопатници се тешко повредени откако попладнево, возилото со кое патувале, излетало од коловозот на магистралата Гостивар – Кичево, во близина на Здуњски мост.

______________________________________________________________________________________________________

Велешанец во последен момент избегал од југото пред да го удри воз

Тоше Ѓ.  (50) за влакно избегнал смрт откако неговиот автомобил застанал на пругата Велес- Битола. Автомобилот само сопрел, а возот се приближувал, тој успеал во последен момент да скокне и да излезе од автомобилот. Возот го разнел југото.

______________________________________________________________________________________________________

Кинеле дневници и го поплавиле училиштето

Во текот на вчерашниот ден околу 09.10 часот во ПС-Гостивар, директорката во ОУ„Сали Лиси“ во с.Добри Дол, пријавила дека од страна на засега непознат сторител во училиштето оштетени се повеќе дневници и направено е оштетување на подот и плафонот поради пуштање на вода.

______________________________________________________________________________________________________

Толпа испокршила автобус кај Рекорд

Автобусот со број 50 бил уништен од толпа во моментот кога застанал на постојката „Рекорд“.

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец пронајден мртов во Штип

Четириесет и деветгодишен полицаец, вработен во СВР Штип, денеска е пронајден мртов со пиштол покрај неговото безживотно тело, информира Министерството за внатрешни работи.

______________________________________________________________________________________________________

15 дена притвор за пијаниот возач кој со џип тргна да гази демонстранти

Четириесет и едногодишниот прилепчанец Валентин Ѓ. кривично ќе одговара за предизвикување општа опасност, бидејќи на 25 декември со возилото влета во демонстранти кои протестираа на една крстосница во Прилеп, при што повреди двајца. Истражен судија на Валентин Ѓ. му одредил петнаесет дневен притвор.

______________________________________________________________________________________________________

Пукање во Сарај – изрешетан мерцедес

Вчера околу 12 часот во Сарај, осомничениот И.М. кој се наоѓал на паркингот во селото почнал да пука во возилото во кое се наоѓале Б.Ј. од Глумово и А.Л. и Д.Ј. од селото Грчец.

______________________________________________________________________________________________________

Поднесени прекршочни пријави за 2 лица за настаните пред Собранието

Министерството за внатрешни работи започна со расчистување и целосно документирање на агресивното и недолично однесување при насилното пробивање на полицискиот кордон и обидот да се изврши упад во зградата на Собранието на Република Македонија или да се предизвика инцидент со побројната група граѓани организирани во „Фронт за Македонија“.

______________________________________________________________________________________________________

Млад прилепчaнец пронајден мртов во својот дом

Беживотно тело на 27 годишен прилепчанец вчера било пронајдено во неговиот дом во Прилеп.

______________________________________________________________________________________________________

Уште 5 кривични за „Керозин“ – земале мито за да молчат – Видео

Министерството за внатрешни работи во содејство со Управата за јавни приходи во рамки на операцијата „Керозин“ продолжи со преземање на мерки и активности заради обезбедување на дополнителни докази за извршени кривични дела, што резултира со поднесување на пет кривични пријави против вкупно 16 физички и пет правни лица до Основното јавно обвинителство за гонење на […]

______________________________________________________________________________________________________

Отишла во полиција да го пријави, тој ја претепал пред станицата

На 20.12.2012 година, пријавениот дошол пред куќата на неговата поранешна 29-годишна девојка во Куманово, и упатувал навредливи зборови и закани по животот, како и по животот на нејзиниот татко.

______________________________________________________________________________________________________

И официјално – Уапсен е командант Коки

СВР Скопје околу полноќ го приведе Н.Ѓ.(35) со прекар командант Коки од Скопје, познат и претходно на полицијата по своето насилничко однесување, поради основано сомнение дека истиот извршил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во Аеродром – булеварот затворен за сообраќај (ФОТО)

  Тешка сообраќајка вечерва се случила на булеварот Јане Сандански во близина на Тобако 2.

______________________________________________________________________________________________________

Во тепачка на малолетници, полицаец го извлекол дебелиот крај

Полицаецот кој се обидел да спречи тепачка меѓу две групи малолетници го извлекол најдебелиот крај.

______________________________________________________________________________________________________

Еден килограм хероин и 15.600 долари запленети на Богородица, а 26.700 евра на Табановце

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, во текот на вчерашниот ден спречија обид за нелегално внесување на еден килограм хероин и изнесување на 15.600 американски долари. На Табановце, пак, е спречен обид за изнесување на 26.700 евра.

______________________________________________________________________________________________________

Криел хероин во ретровизорот – фатен е

Единицата за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против С.А. (23) од Скопје, поради  “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1